ЕДС се враќа на голема врата! Колку тендери за струја фати за неполни три месеци?
Објавено во: Економија 16 Март, 2022
Наша реалност стана државни институции,
установи, јавни комунални претпријатија и државни фирми да плаќаат за струја
цена што се формира на берзата во Будимпешта. Од почетокот на рускиот напад
цената на берзата не се симнува под 300 евра за мегаватчас. Но друг избор нема
затоа што нашата државна компанија за производство на струја ЕСМ не е способна
да стави во погон ниту 60 отсто од инсталираниот термо капацитет за
производство на струја... Ќе одговара ли некој за катастрофално неуспешната
зелена енергетска транзиција???
„Електрисити деливери солушнс“ (ЕДС) на голема врата се враќа на пазарот за снабдување со струја и тоа во услови на најголемата досега енергетска криза. За неполни три месеци успеа да добие 42 тендери од 64 тендери на кои струја набавуваат министерства, државни органи, институции, агенции, управи, школи, музеи и државни компании.
ЕДС се враќа на старите позиции кои потсетуваат на времето кога убедливо доминираше на пазарот за снабдување со електрична енергија. Особено по ланската доминација на други компании меѓу кои особено се истакнуваше фирмата „У Пауер“ во која сопственик беше синот на Муса Џафери, поранешен висок функционер на ДУИ се случи голема промена на пазарот на снабдувачи со електрична енергија.
Сите тендери кои ги добива ЕДС предвидуваат набавка на електрична енергија по цени на унгарската берза за електрична енергија ХУПЕКС (се вади просек од дневните цени на месечно ниво) на што се засметува маржа (што всушност е надоместокот за снабдувачот ЕДС во кој се вклучени сите трошоци за набавка и достава на енергијата до потрошувачот).
Во оваа ситуација фирмите, институциите, установите, комуналните претпријатија немаат друг избор. Цената на струјата веќе не е прашање, важно е дека ја има и дека може да се добие од доверлив снабдувач.
Веќе е повеќе од сигурно дека институциите ќе ги пробијат буџетите за набавка на струја. Затоа што парите што до лани ги планираа за цела година за струја сега, со оглед на цените на берзите за струја, ќе ги потрошат четири месеци. Цените на струјата на берзите се рефлексија на бројните неизвесности кои украинската состојба ги катализираше дополнително.
Листа на најголемите десет тендери што од почеток на годинава ги доби ЕДС
Р. Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.