16 Јануари, 2025
0.0371

Ефективни политики за зголемување на вработеноста кај младите

Објавено во: Македонија 16 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Коалицијата на младински организации СЕГА, во соработка и поддршка од Волонтерски Центар Скопје (ВЦС) на 16 април во Младински Културен Центар ја реализираше првата дискусија поврзани со зголемување на вработувањата на младите луѓе.

На дискусијата учествуваа претставници на младите, студенти, младински организации, претставници на Град Скопје, Агенција за вработување на Македонија, претставници од Министерство за труд и социјална политика, занаетчиските комори, и претставници на здруженијата на работодавачи.

Оваа дебата е дел од проектот “Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог) од програмата ЕРАСМУС+.

Целта на проектот е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку структирен дијалог со релевантните засегнати страни, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Како дел од активности за проектот, предвидени се одржување на уште 9 дебати во Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Тетово и Кавадарци на кои ќе се разговара за мерките и можностите за подобрување за вработување на младите, ефектот од активните политики на Владата и Агенцијата за вработување на Македонија, со цел да се дадат препораки за подобрување на процесот на вработување на младите во периодот по завршувањето на образовните процеси. Исто така, ќе се дискутираат и активните мерки и алатки за младинско вработување на ЕУ, како добри практики кои би биле применливи во Македонија.

“Активностите кои ги спроведуваме во овој проект и дискусиите кои ги организираме треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми бројот на млади кои се вработуваат. Вклучувањето на сите засегнати јавности во структурен дијалог ја покажува нашата вистинска желба и потреба да се унапреди овој процес во кој ќе сите релевантни страни ќе дадат свој активен придонес.“, изјави Зоран Илиески – извршен директор на Коалиција СЕГА.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 27 членки.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира