17 Декември, 2025
0.3405

Екс градоначалникот Марјан Ристески остана без пасошот

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2018 14:41

Добивај вести на Viber

За екс градоначалникот  на Општина Прилеп, Марјан Ристески и на уште пет лица прилепскиот Основен суд им изрече мерка за претпазливост, при што им се одземени пасошите. 

Тие мора неделно да се пријавуваат во Судот. Мерката е поврзана со истражната постапка што се води по кривичната пријава за злоупотреба на службената положба и овластување поради сомнежи за местење тендери за зимско одржување на градот, информираат од Основниот суд во Прилеп.

Во април прилепската полиција поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност и овластување против поранешниот градоначалник  Ристески, но и уште против четири лица, со иницијали И.К. (63), Љ.М. (58), И.Ч. (67), Б.Н. (54), а против едно лице, со иницијали М.С. (59) за злоупотреба на постапка за јавен повик.

Кривично е пријавена и фирмата „Пела транс“ ДООЕЛ од село Мажучиште, Прилепско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Сите пријавени овозможиле фирмата „Пела транс ДООЕЛ“ од село Мажучиште да се стекне со противправна имотна корист, по склучени Договори за јавни набавки за зимското одржување на улиците и патиштата на територијата на општина Прилеп за периодот од 2012 до 2017 година во висина од 77.031.890 денари, пари од буџетот на Општината Прилеп. Истражната постапка е во тек.

Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал