Ексклузивна апликација за Sony Xperia Z2 овозможува пренос во живо преку „Јутјуб“
Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2014 15:39
Нова апликација за камера, наменета ексклузивно за Sony Xperia Z2 телефоните, на корисниците им овозможува во живо да ја пренесуваат содржината на „Јутјуб“. Апликацијата се вика Live on YouTube-by Xperia и на корисниците им нуди опција својот „во живо“ broadcasting да го прикажуваат на целиот свет или само на одбрани членови.
Функцијата може да се користи сегде каде е достапен „Јутјуб“, освен во Германија. Апликацијата практично секој кој поседува Sony Xperia Z2 телефон ја пртвора во телевизиска станица, но тука е предупредувањето кое „Јутјуб“ го истакна и кое забранува пренос на несоодветна содржина и заштитен материјал. За сега нема информации дали и кога апликацијата ќе биде достапна на другите Xperia модели. Доколку оваа апликација ви е интересна а имате Xperia Z2 телефон, можете да ја преземете овде.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




