Ексклузивно: Кампањата која потекна од Saatchi&Saatchi Скопје вечерва нанижа 3 Кански лавови
Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2016 09:24
Вечерва во Кан, Франција, на 63-тото издание на најголемиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions беа доделени наградите за најдобрите креативни проекти во вкупно 5 категории: Direct, Glass, Print & Publishing, Promo & Activation и Radio Lions.
Кампањата “Sea Hero Quest” реализирана за клиентот Дојче Телеком која потекна од креативците на Saatchi&Saatchi Скопје во рамки на агенцијата Публицис Македонија а беше реализирана во соработка со други агенции од мрежата, институти, универзитети и организации за истражување, вечерва освои дури 3 кански лавови.
Златен Кански лав е освоен во категоријата Promo & Activation Lions за поткатегоријата Употреба на mobile а во истата категорија, но поткатегорија Commercial Public Services, кампањата доби и Сребрен лав.
Уште еден Сребрен кански лав беше освоен и во категоријата Direct Lions во подкатегоријата Употреба на податоци.
Да потсетиме, „Sea Hero Quest“ е мулти-платформска игра за мобилни телефони специјално креирана за да ни помогне да го подобриме нашето разбирање за просторната ориентација и како функционира овој аспект од нашиот мозок, како дел од еден заеднички и координиран напор на науката во справувањето со растечката појава на деменцијата во светот.
Секој играч на Sea Hero Quest може да придонесе во создавањето на најголемиот извор на податоци во светот за човековата способност за ориентација и просторната навигација, како основа за поставување на споредбени параметри и стандарди за нови дијагностички тестови за деменцијата кај луѓето
Само две недели по лансирањето, повеќе од 1 милион луѓе од целиот свет ја презедоа „Sea Hero Quest“. Со просечен рејтинг од пет ѕвезди добиен од над 45.000 оценувања во App store и во Google Play, фидбекот од играчите беше и е повеќе од позитивен. Играта „Sea Hero Quest“ влезе во Топ 10 листата на 50 пазари на App Store и Google Play, а на многу пазари се наоѓа и на прво место. Тоа само по себе е спектакуларен успех за истражувањето и науката во борбата против деменцијата.
Во продолжение погледнете го кејсот пријавен на Cannes Lions од страна на сестринската агенција Saatchi&Saatchi Лондон.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/iAAhLFc4jtw[/embed]Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




