Емотивен концерт на „Меморија“ во Скопје
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2022 15:34
„Дирлада“, песната која Ристо Самарџиев ја напишал во раните деведесети, симпатичната приказна за вљубеното момче што не може да си ја види својата Евгенија од Грција поради затворените граници е безвременски хит.

На оваа песна настана вистинско лудило во публиката на концертот на „Меморија“ сношти во А1 Арената, особено што ја свиреа трубачите од „Весела дружина“. Овој концерт кој беше наречен матура, и собра матуранти од повеќе генерации, беше посебен по многу нешта. Ако ембаргото од Грција се случуваше во времето на „Дирлада“, сега е актуелен спорот со Бугарија.

Петар Гeоргиевски- Камиказа, басистот и основач на бендот, во еден момент ја повика публиката заедно да извикаат: Македонија, Македонија“. „Да цркне оној што рече дека сме Северна Бугарија“, рече Камиказа пред публиката и доби силен аплауз, мислејќи на албанскиот премиер Еди Рама, кој на германскиот канцелар Олаф Шолц, шеговито му го претставуви Димитар Ковачевски како премиер на идната Западна Бугарија.

Но, ова е само мал дел од концерот на култниот бенд кој ќе се памети и прераскажува. Дали најмногу по „Оган под ѕвездите“, големиот евергрин кој кога Апостол Икономов- Поце, денес го пее со истата сила, жар и моќ како кога настанал? Или по компактноста на целиот бенд- звучат како никогаш да не престанале да свират заедно. Или по среќните лица во публиката кои од срце побараа бис? Или силниот старт со „Македонија“?

Поени плус на оваа убава и носталгична матурска забава ѝ даде гостувањето на „Ласт ескпедишн“ и Енко со „Шефе“, но и „Некст тајм“ со „Ја излези Ѓурѓо“. За почит е трубјутот за Влатко Илиевски и песната „Кога патувам“ која Ристо Самарџиев ја отпеа заедно со „Морал“ и со „Меморија“. Во чест на Аки Рахимовски, се пушти на бим, па се отпеа неговата „Јесен у мени“. За жал, Сеат Јакупи од „Конкорд“ не дојде на концерот поради болест, но во неговата „Високи штикли“ на сцената се појави Венко Серафифимовски.
Милица Џаровска
Фото: Вангел Тануровски
***
Публиката го бараше Ламбе и го скандираше неговото име

Ламбе Алабаковски требаше да настапи како загревање на концерот на „Меморија“, како што беше најавено на последната прес конференција. Ламбе, кој во моментов е во домашен притвор не пееше на настанот, а одличните 2BE ги загреваа присутните. Во еден момент, од публиката се слушна скандирање на името на Ламбе. Подоцна слушнавме дека група млади луѓе навистина очекувала дека нашиот познат пејач ќе се појави на концертот со неговите хитови. И покрај тоа што дел од нивното друштво им објасни дека нема да пее на концерот, тие и понатаму извикуваа: Ламбе, Ламбе...
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




