ЕПЛ: Одобрен патент кој го врти телефонот при паѓање!
Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2014
На Компанијата ЕПЛ во американскиот Завод за патенти и е одобрен изум кој ќе овозможи автоматска заштита на Ајфоните при паѓање.
Овој патент вклучува ангажман на сензори кои веќе се наоѓаат во уредот, како што се акцелерометар, магнетометар и слични, како побрзо би ја одредиле страната и местото на ударот на теренот.
После ова, доделениот процесот ги калкулира потребните подесувања, го стартува моторот кој ја подесува позицијата на телефонот во воздух и овозможува да падне на помалку кршливата страна, наместо да падне на страната на екранот.
За оваа цел може да се користи и и вибрацион мотор кој веќе се наоѓа во телефонот, само со силни импулси на вибрирање во споредба со оние кои корисникот го известуваат за пристигнатите пораки или дојдовните повици.