ЕВЕ КОГА ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ТЕЧE ГАС ОД СЕВЕРEН ТЕК: Се огласи Русија, открија кој е можниот виновник за саботажата
Објавено во: Свет 29 Септември, 2022
По оштетувањето на гасоводот „Северен тек“, многумина прстот го вперија во Русија како главен виновник за саботажата, што тие категорично го демантираат.
Операторот на гасоводот „Северен тек 1“, „Норд стрим АГ“, изјави за Ројтерс дека во понеделник, на 3 октомври, гасот „веројатно“ ќе престане да тече од оштетениот гасовод. Портпаролот на компанијата „Норд стрим АГ“ изјави дека не може да се даваат никакви прогнози за понатамошната работа на гасоводот додека не се процени штетата.
„Додека нема резултати од проценката на штетите, не може да се прави прогноза. Проценката на штетите може да се изврши на лице место, штом успееме да се доближиме до областа. Во моментов пристапот таму е ограничен“, велат портпаролот на компанијата.
Кремљ ги осуди како „глупави и апсурдни“ сите обвинувања дека стои зад наводните експлозии на гасоводот Северен тек претходно оваа недела, велејќи дека инцидентот всушност покренува многу прашања за Русија.
Говорејќи пред новинарите во средата, портпаролот Дмитриј Песков објасни дека оштетувањето на гасоводите е „голем проблем“ за Русија, бидејќи таа во суштина ги изгубила маршрутите за снабдување со гас во Европа.
Двете линии на гасоводот „Северен тек 2“ беа полни со гас и беа подготвени да го испорачаат во Европа во моментот на наводната експлозија, рече Песков, додавајќи дека „овој гас е многу скап“.
Песков, исто така, истакна дека ниту Русија, ниту Европа немаат никаква врска со уривањето на гасоводот, особено Германија, за која овој инцидент претставува закана за идниот развој на нејзината индустрија, како и за нејзината профитабилност и конкурентност.
Иако ниту еден од осомничените за инцидентот не е официјално именуван, портпаролот на Кремљ советуваше да не се даваат никакви официјални соопштенија додека не се спроведе соодветна истрага за инцидентот.
Песков, сепак, го привлече вниманието на изјавите на американскиот претседател Џо Бајден од почетокот на февруари, кога американскиот лидер се закани дека „ќе стави крај“ на Северен тек 2.
„Не знаеме што сакаше да каже американскиот претседател со тоа“, призна претставникот на Кремљ, но ја посочи реакцијата на полските власти кои веќе му се заблагодарија на Вашингтон за саботирањето на гасоводот.
Одговорот на Кремљ доаѓа откако некои европски и киевски претставници, вклучително и советникот на претседателот Володимир Зеленски, Михаил Подољак, сугерираа дека нападот на гасоводот е операција на Русија со „лажно знаме“ за Украина да изгледа лошо и дополнително да ги зголеми цените на енергијата во ЕУ.