16 Декември, 2025
0.1459

ЕВЕ КОЛКУ ДОСТИГНУВА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПИОМ – нивниот број воопшто не е за потценување

Објавено во: Финансии 29 Септември, 2025 07:45

Добивај вести на Viber

Во тригодишниот план на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија каде се наведени плановите за буџетите на оваа институции за следните три години, може да се види колкави суми ќе бидат потрошени и за вработените во Фондот.

Откако ПИОМ ги „скори“ буџетите за следните три години видовме дека трошокот за исплата на пензиите во следните години ќе продолжи да се зголемува. Согласно нивниот стратешки план за 2026 – 2028 година вкупните трошоци на Фондот ќе продолжат да растат, а во рамките на овие трошоци се вкалкулирани и платите на вработените.

Според нивниот план, бројот на вработени од година во година ќе се зголемува. Па така следната 2026 година според плановите во Фондот ќе бидат вработени 610 лица, додека следната 2027 година ќе бидат 620 вработени. Веќе во 2028 година во ПИОМ треба да има 630 вработени лица.

Бројките говорат дека паралелно со растот на бројот на вработени, растат и трошоците за вработените. Па така ако во 2026 година се планираат 512 милиони денари, веќе во 2028 години за плати и надоместоци ќе бидат потрошени 513 милиони денари.

Грубите пресметки говорат дека просечната плата во фондот се движи околу 1.100 евра, со вклучени трошоци за осигурување, или поточно просечната бруто плата. Сепак, имаќи предвид дека како и сите компании, и во ПИОМ има систематизација на работните места, реално е да се очекува дека платите имаат големи разлики, а највисоките се секако во врвот на хиерахиската поставеност.

Фондот веќе објави дека следната година нивниот буџет ќе достигне до 2,4 милијарди евра, сума која е поголема од годинешната планирана до 2,2 милијарди евра.

Проекциите кои ги направи ПИОМ за следните три години покажуваат дека ќе имаа повеќе пензионери, а оттаму е потребен поголем буџет за Фондот да може да ги исплаќа навреме пензиите.

Како што е посочено во самиот стратешки план на Фондот за пензиско и инвалидско работење сите обврски меѓу кои управните, финансиските, стручните, административните и други работи на правата од пензиското и инвалидско осигурување на Северна Македонија, ги спроведува Стручната служба на Фондот, и тоа во Централата, во 20 филијали и во 10 деловници.

Органи на Фондот се Управниот одбор на Фондот и Директорот на Фондот. За својата работа, Управниот одбор на Фондот е одговорен пред Владата на Република Северна Македонија, за што секоја година доставува Годишен извештај за работата на Фондот. Управниот одбор формира постојани и повремени комисии и други работни тела за следење на одделни прашања од развојот и спроведувањето на правата од пензиското и инвалидско осигурување, решавање на правата на осигурениците и корисниците на пензија и разгледување на прашања од делокругот на Управниот одбор.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска