17 Декември, 2025
0.0362

ЕВН ја реконструира дистрибутивната мрежа во струмичкиот регион

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2014 18:45

Добивај вести на Viber

Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струмица ја рекунструира дистрибутивната мрежа во струмичкиот и радовишкиот регион. На повеќе улици во Струмица и Радовиш, се гради нова нисконапонска мрежа и целосно се менува постоечката. Се заменуваат старите дрвени стлбови со нови бетонски и се поставуваат кабли со поголем пречник. Рeконструирана е дистрибутивната мрежа во селата, Радово, Добрашинци, Седларци, Свидовица, Мокриево, Моноспитово, Василево, Јаргулица, Ново Коњарево, Ангелци и Дрвош, а до крајот на годината ќе се финализираат работите и во селата Владевци, Борисово, Чанаклија и Иловица. Поставени се нови приклучни точки изградени се нови четири трафостаници, реконструирани се три, а уште три трафостаници ќе се изградат до крајот на годината. Поставена или реконтруирана е нова нисконапонска мрежа во должина од 5,5 километри. Со ова се подобруваат напонските прилики и се електрифицираат местата каде досега немаше дистрибутивна мрежа. За намалување на времетраењето на дефекти, подобрување на напонот и зголемена безбедност на среднонапонската мрежа во с. Бориово заменети се сите столбови и проводници на трасата во должина од 1000 метри. На целата територијата на Општина Радовиш поставени се 15 нови разделувачи на моќност во среднонапонската мрежа, со што се зголемуваат можностите за управување со мрежата и скратување на времетраењето на дефектите. Во с. Дабиље изградена е нова среднонапонска кабелска врска помеѓу трафостаницата „Лук-оил“ и трафостаницата „Идеа Дабиле“ за подобрување на напојувањето на средно напонско ниво и заштита на индустриска зона и селото Дабиле од дефекти во среднонапонската мрежата. Инвестицијата на ЕВН Македонија за овие проекти во струмичкиот регион изнесува над 550 илјади евра и со неа ќе се подобрат условите за снабдување со електрична енергија за над 3.500 корисници.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив