Добивај вести на Viber
Овогодинешното меѓународно советување “Енергетика 2014 година” во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија го отвори Претседателот на Управен одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст.
Оваа манифестација со долга традиција е место каде се дискутираат најактуелните случувања во областа на енергетиката и претставува платформа за размена на искуства и знаење помеѓу експертската фела и бизнис заедницата во енергетскиот сектор.
ЕВН Македонија со експерти од повеќе области учествуваше во стручните дискусии на советувањето и го пренесе своето искуство во доменот на иновациите, енергетската ефикасност, развојот на пазарот, информатичките системи, надградбата на дистрибутивната мрежа, итн.
Сите дискусии се базирани и на стручни и информативни трудови кои Здружението ги издаде во вид на зборник.
Хенгст свечено го отвори советувањето и притоа го истакна значењето на размената на знаење и искуство во енергетскиот сектор. Тој исто така истакна дека енергетскиот систем е комплексна структура од низа стеикхолдери кои имаат еднаква одговорност за инвестирање во долгорочната одржливост на системот.
ЕВН Македонија со поддржување на вакви манифестации ја докажува својата одговорност кон развојот на електро-техниката во Македонија.