Европа гори, Македонија во жолта фаза
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2015
Нови температурни рекорди беа поставени вчера во Европа.
Неверојатниот топлотен бран ја зафати Швајцарија каде прв пат во Женева биле измерени 39.7°C , во Лугано минималната температура се спуштила на 25.4°C, највисока за месец јули од 1864 година.
Според информации на weather4all.com.mk во Сарагоса биле измерени 44.5°C. Во овој град никогаш досега не била измерена температура која што достигнала до 44°C. Стариот рекорд бил поставен на 22 јули 2009 година кога биле измерени 43.1°C.
Температурен рекорд бил поставен и во градот Љеида во внатрешноста на Каталонија каде што биле измерени 43.1°C. Претходниот температурен рекорд изнесувал 41.3°C кој датира од 30 јули 1983 година.
43.1°C биле измерени и во Гранада, во францускиот Сент Етјен биле измерени неверојатни 41.1°C, а во Шамбери и Екс ле Бен биле измерени 38.8°C.
Денеска Македонија е во жолта фаза, температурата ќе достигне до максимални 40 степени.
Најтопло ќе биде во поширокиот гевгелиски регион, до 40°С. Останатите во поголем дел од земјава очекуваат максимална температура околу 38°С. Само огридско преспанскиот крај, како и повисоките места во источниот регион ќе имаат максимална помеѓу 32°С и 35°С, соопштуваат од метеопро.
Вредноста на УВ индексот денеска ќе биде 9.
Во Скопје ќе биде сончево со највисока дневна температура до 38°С.
Препораките се да се пијат многу течности, да се консумира лесна храна, овошје и зеленчук, да не се излегува од 11 до 17 часот, доколку не е потребно, и да се носи лесна облека.
(Фото: метеопро)