17 Декември, 2025
0.0516

Европскиот Фонд за Балкан прогласен за Шампион на регионална соработка за 2015

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2016 11:00

Добивај вести на Viber

Европскот Фонд за Балкан (ЕФБ)е добитник на овогодинешната награда Шампион на регионалната соработка, признание што се доделува на индивидуалци или институции за кои Секретаријатотот на Регионалниот совет за соработка и Генералниот секретар, сметаат дека придонеле најмногу за развојот на регионалната соработка во Југоисточна Европа во текот на изминатата година.

Наградата и беше доделена на Хедвиг Морваи, Извршна директорка на Европскиот Фонд за Балкаn од страна на Горан Свилановиќ, Генерален секретар на Регионалниот совет за соработка, на свечената церемонија што се одржа во Сараево на 25-ти фебруари,2016.

eufond1

-Ова признание од РСС, значи дека сега сме во позиција да ги комуницираме нашите препораки и планирани акции поврзани со регионалната соработка од перспектива на регионални шампиони. Европскиот Фонд за Балкан секојдневно го бележи ритамот на регионалната соработка, со оглед на тоа што редовно добиваме повратни информации од широк круг на влијателни луѓе, невладини и владини институции ширум Балканот. Веруваме во потребата за негување на културата на регионална соработка, што во поширока смисла значи дека регионалната соработка е начин да се постигне напредок и менување на дискурсот во земјите од регионот – изјави Морваи во нејзиниот поздравен говор.

Eufond

Според неа, регионалната соработка мора да егзистира и да се развива посебно, давајќи им поттик на многу важни иницијативи, но и различни профили на луѓе како бизнисмените, локалната самоуправа, цивилното друштво, граѓаните итн. Фактот што РСС го награди ЕФБ со оваа титула за неа е потврда дека цивилните инцијативи континуирано работат на развојот на регионалната соработка, а нивната работа често ги надминува мандатите на владите и политичките несогласувања.

Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ го посочи Европскиот фонд за Балкан како иницијатива која со години наназад дава голем придонес за регионалната соработка во Југоисточна Европа, преку низата програми – регионалните програми за развој на цивилното друштво Think and Link –Regional Policy Programme,програматаза поддршка на млади државни службеници (The Fellowship Programme for Government Officials), како и првото регионалното тв-шоу Окружење (Vicinities) и дебатниот серијал Балкан во Европа.TV Debates “Balkans in Europe”.

Како посебно влијателна е истакната улогата на Советодавната група Балкан во Европа (BiEPAG), која обединува експерти од регионот и Европа кои со своите документи за јавни политики и препораки делуваат врз рeufond2азвојот на регионот и неговото интегрирање во Европската Унија.

Мината година, оваа советодавна група постигна голем успех со документот за јавни политики Отстранување на пречките за ЕУ интеграциите: Билатернални спорови помеѓу земјите од Западен Балкан. Во рамките на Виенскиот Самит за Западен Балкан, земјите од регионот ја усвоија и потпишаа декларацијата за решавање на билатералните спорови и се обврзаа за решавање на сите отворени прашања во името на добрите меѓусоседски односи и обврзаност кон европската интеграција.

Декларацијата, усвоена на Самитот беше создаена од старна на Советодавната група Балкан во Европа(BiEPAG), во соработка со Австриското Федерално Министерство за Европа, интеграции и надворешни работи.

eufond3

Со усвојувањето на овој документ, земјите од Западен Балкан се обврзаа да не го блокираат или на кој било начин попречуваат прогресот на своите соседи во процесот на ЕУ интеграциите.

-Преку овие примери и други програмски активности, Европскиот Фонд за Балкан се наметна како важен пример на професионално делување во јавните и политичките кругови, истакнувајќи ја својата улога на мост за ефективна соработка и модел на организација која може да се пофали со успешна регионална соработка – истакна Горан Свилановиќ, Генерален секретар на РСС.

Оваа годишна награда за најдобри остварувања во областа на регионалната соработка во Југоисточна Европа, беше инаугурирана на петтата годишница на Регионалниот совет за соработка (РСС) во 2013 година, а досега нејзини добитници се ЦЕФТА 2006 (CEFTA ), Секретаријатот на енергетската заедница (ECS) и Центарот за едукација во областа на претприемништво во Југоисточна Европа (SEECEL).

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив