21 Јануари, 2025
0.0266

Facebook го развива мобилниот маркетинг – гранка која ја очекува економски бум!

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Facebook планира да создаде рекламна мрежа за мобилни уреди, која ќе и овозможи на компанијата да ја користи огромната база на податоци за корисниците, за да им помогне на марктеинг аналитичарите да ги насочат рекламите и кон други услуги. Мрежата ќе овозможи на марките и трговците на мало да пуштаат реклами во бројни мобилни апликации и игри, а во таргетот влегуваат луѓе кои ги оставиле своите реални податоци на Facebook, пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на податоци од извори запознаени со темата. Десетици компании сега нудат слични услуги, но Facebook е добро позициониран на пазарот, бидејќи на социјалната мрежа корисниците откриваат премногу за себе - возраст, пол, интереси и дури местата на кои се наоѓаат во одреден момент. Ако се покаже успешна, мрежата може да ги зголеми значително приходите на Facebook, позиционирајки ја компанијата како клучен посредник помеѓу рекламните и останатите учесници на пазарот. Покрај тоа Facebook може да стане главен играч во динамичниот универзум од корисници на паметни телефони и таблети. Новата рекламна мрежа на Facebook нема да стане причина компанијата да ја зголеми количината на податоци кои ги собира за своите корисници. Наместо тоа, може да се зголеми количеството директно насочени реклами кон луѓето кои ја користат социјалната мрежа преку мобилни уреди. Корисниците нема да имаат можност да го одбиваат од приемот на слични реклами. Google исто така има голема рекламна мрежа, но таа беше насочена главно кон десктоп компјутери. Facebook планира да се фокусира пред се на мобилни уреди и има можноста да стане лидер во најбрзо растечката област од пазарот на дигитална реклама . "Сите очајно сакаат да се префрлат на буџети за мобилно рекламирање, затоа што токму тоа е местото каде што се наоѓаат корисниците, но повеќето трговци не можат да го направат, затоа што не можат да ги измерат ефектите од тоа", тврди Меган Паглиука, генерален менаџер во маркетинг агенција Merkle. "Ако Facebook успее да се справи со тоа, фирмите ќе насочат натаму се повеќе пари". Мрежата е во процес на развој со години, но официјалното претставување се очекува да биде направено на крајот на месецот на конференцијата на Facebook F8. Портпаролите на компанијата се уште одбиваат да ги коментираат плановите. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев