16 Јануари, 2025
0.0280

ФАД ја поддржа иницијативата за зачувување на ГТЦ

Објавено во: Македонија 06 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Наставниците и соработниците при ФАД - Факултетот за архитектура и дизајн од Скопје ја подржаа намерата објектот на Градскиот Трговски Центар од Скопје да биде прогласен за културно наследство од особено значење.

Оваа поддршка доаѓа во пресрет на референдумот со кој архитектите бараат заштита на ГТЦ како културно наследство.

Имено од денеска почнува кампањата “Излези за ГТЦ”. Во паркот Жена Парк во 20:00 часот, со кратки пораки ќе се обратат и претставници на иницијативата “Го сакам ГТЦ”, Асоцијацијата на Архитекти на Македонија и граѓански активисти.Предвидени се и настапи на познати македонски пеачи и групи, поддржувачи на кампањата. Според истражувањето на јавното мислење, спроведено од Граѓанското движење “Го сакам ГТЦ”,  дури 86,2% од граѓаните ја поддржуваат иницијативата „Го сакам ГТЦ“, додека 32,5% од жителите на скопски Центар во изминативе две години учествувале на барем една активност или кампања, како што е гушкањето на Градскиот трговски центар, потпишувањето петиција или протестирањето. Во анкетното истражување биле вклучени 600 испитаници, и најголем дел од нив 82,1 %, рекле дека ГТЦ мора да се реконструира, но да го задржи сегашниот лик.Од Грѓанската иницијатива “Го сакам ГТЦ” очекуваат позитивен исход од референдумот, закажан за на 26-ти овој месец.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/06/vo-presret-na-referendumot-arhitektite-baraat-zashtita-na-gtts-kako-kulturno-nasledstvo/" target="blank" ]ВО ПРЕСРЕТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Архитектите бараат заштита на ГТЦ како културно наследство![/button]

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира