„Фактор“ анализа – најголемите бизниси со храна: Кој продаде фаст-фуд храна за 4,4 милиони евра, кој направи 3 милиони евра од кетеринг?
Објавено во: Македонија 19 Август, 2022
Македонските граѓани лани кај најголемите три брендови со брза храна пазареле за повеќе од 9 милиони евра! Најуспешната од најголемите фирми за кетеринг и брза храна лани остварила профит од 676.000 евра. Двата големи американски ланци за брза храна во Македонија лани завршиле со загуба од работењето. Генерално стапката на профит кај компаниите за кетеринг се движи од позитивна нула до 8%
Храната е голем и сложен бизнис кој бара голема посветеност, ефикасна организација, почитување на рокови и особена грижа за вкусовите на клиентите и потрошувачите. Најважно е тие да се добро најадени и задоволни од квалитетот и вкусот на храната, но и од естетиката на аранжманите што е особено важно за тие што го работат и разбираат кетерингот.
Сите, ние без разлика на вкусовите, сакаме вкусна храна без разлика во каква прилика, со какво друштво и со каква брзина ја конзумираме. Понудата на храна е една од најконкурентните услужни гранки во земјава затоа што е релативно едноставна за старт на бизнис. Но всушност е доста комлексен процес кој бара голема посветеност, одрекување, трпение и напори за да се дојде до задоволен клиент. И кај оваа индустрија најдобрата реклама е зборот што се пренесува од уста на уста, а мислењето се гради откако производот ќе се дегустира односно ќе се внесе во уста.
Десетте најголеми!
Затоа што сите сакаме и користиме, макар и повремено, услуги од компаниите за достава, кетеринг и за брза храна „Фактор“ направи анализа и ги рангираше најголемите десет компании кои се занимаваат со кетеринг, брза храна и достава на храна.
Според официјалните податоци на листата има три компании за брза храна, една фирма за достава на храна и шест кетеринг компании. На листата се двете компании кои ги имаат франшизите за ланци на ресторани за брза храна од САД и тоана „Кентаки Фрајд Чикен“ и на „ Бургер Кинг“. Официјалните податоци на двете компании покажуваат дека лани работеле со загуба.
Најголема македонска фирма за кетеринг лани била скопската компанија „Парти Сервис Лео“ која е единствена со приход поголем од 3 милиони евра. А најуспешна кетеринг компанија лани на нашиот пазар била фирмата „Друштво Хацат Скопје“ која има добивка од 676.000 евра што претставува 28 отсто од нејзините приходи.
ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV