ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кузмановски се извини на Фејсбук oткако се појави скандалозното видео и откако го разрешија
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2025 22:29
КУЗМАНОВСКИ СЕ ИЗВИНИ
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, поради скандалозното видео за „шмркање бело“ кое се појави на социјалните мрежи, вечерва се огласи на Фејсбук, изразувајќи каење и извинување за постапките.
„Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето превземање на менаџирање на Клиниката за неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови“, пишува Кузмановски.
КОЦЕВСКИ РЕАГИРА ЗА ИЗЈАВАТА НА ЈОШЕВСКА-АТАНАСОВСКА ЗА СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“Jaвниот обвинител Љупчо Коцевски остро реагира на начинот на кој некои адвокати јавно го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ и како што вели однапред изнесуваат неосновани очекувања во однос на траењето на судската постапка, без воопшто да се запознаени со содржината на обвинението, доказниот материјал или планираната динамика на Судот за одржување на рочиштата.
Ова е наведено во писмото кое денеска јавниот обвинител Љупчо Коцевски го испратил до претседателот на Адвокатската комора на Македонија.ШАИНИ ЈА ОТФРЛИ МОЖНОСТА НЕГОВАТА СОПРУГА ДА Е ВМЕШАНА ВО ОБИДОТ ЗА УБИСТВО
Докторот Зекирија Шаини на денешната прес-конференција во Куманово ги отфрли како неосновани и невистините тврдењата дека зад неговиот случај стои неговата сопруга Арјета Ајдини и побара од истражните органи во итно да ја расчистат ситуацијата и да го откријат вистинскиот осомничен за случајот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна големата акција за чистење на Скопје
(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува
Орце Ѓорѓиевски: Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација
Рокас: Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупцијата
Акција на ОЈО ГОКК и полицијата: Се вршат претреси на повеќе локации
АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот





