26 Октомври, 2024
0.0295

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија доби „заштитена соба“ која ќе помогне и во надзорот над тајните служби

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

СОБРАНИЕТО ДОБИ „ЗАШТИТЕНА СОБА“

Државата доби „заштитена соба“ која ќе помогне и во надзорот над тајните служби. 

Тоа е специјална просторија обезбедена од надворешни упади и обиди за прислушување, како и од можност за протекување на доверливи информации. По 7 години од иницијалниот договор дека има потреба од ваква соба, таа конечно е завршена и пуштена во употреба.

Се работи за просторија, во состав на зградата на Собранието, градена по посебни стандарди и безбедносни протоколи. Владејачкото мнозинство и опозицијата, и во претходниот состав, а и сега, за разлика од други случаи, соработуваа за успешно заокружување на проектот.

БОМБА ВО ШТАБ НА ПАРТИЈАТА НА САМКА ИБРАИМОСКИ

Во утринските часови, во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите од Република Македонија (ПЦЕР), лоциран на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 152 во Тетово, фрлена е експлозивна направа. 

Овој инцидент предизвика значителна материјална штета, при што сите прозори на клубот се искршени. За среќа, не се пријавени повредени лица.

СДСМ ЌЕ ГО ТЕСТИРА ВМРО-ДПМНЕ СО ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека опозициската партија поднесува Закон за за покачување на минимална плата на 450 евра.

„Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3 отсто. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата“, рече Филипче.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Факултетски дипломи, обуки, семинари, магистратури и други титули се само дел од сивијата на премиерот Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници.

Кумановци во Врање одат не само на шопинг и за прошетка, туку и за посета на лекар. Во групите на социјалните мрежи често се советуваат дека прегледи за магнетна резонанца можат да се направат во Врање во Србија. Според нивните кажувања, поради хаосот во нашето здравство, не им е проблем да одат во Врање и брзо да завршат работа.

Над 762.000 ноќевања во трите езерски центри оствариле домашни и странски туристи. Само по тој основ нашите хотелиери и сместувачи инкасирале најмалку 25 милиони евра

По една година од објавувањето на претходниот, македонскиот национален оператор „Номагас“ повторно објави повик за потенцијални компании кои би го граделе интерконекторот за природен гас помеѓу Македонија и Грција.

Раст од 4,2 проценти на нефункционалните кредити во вториот квартал од 2024 година евидентираа банкарите. Во последниот „Извештај за ризиците во банкарскиот систем на Македонија“ изработен од Народната банка се нагласува дека иако има раст од 4,2 проценти, тој е далеку понизок во споредба со претходниот квартал кога растот на нефункционалните кредити достигнал 11,5 проценти.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен