19 Декември, 2025
0.0610

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски рече дека нема да иницираат разрешување на Татјана Димитровска, но тоа ќе го стори Левица

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2025 22:26

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ РЕЧЕ ДЕКА ПОЕДИНЦИ ПРАВАТ ЕСТРАДА ОД ПОЛИТИКАТА

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во Собранието нема да иницираат разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, прашан дали неговата партија ќе поднесе барање за разрешување со оглед дека со таа собраниска комисија раководи владејачкото мнозинство. 

Рече дека има поединци кои од политиката прават естрада и порача дека постои морална одговорност. 

ЛЕВИЦА ЌЕ ИНИЦИРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ДИМИТРОВСКА ОД ДКСК

Пратеничката група на Левица денеска информираше дека ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.

Оттаму информираат дека предлогот ќе го поднесат преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања.

Според партијата, недозволиво е Собранието да биде пасивно и да чека претседателката на ДКСК самата да поднесе оставка од морални причини, кога против неа се водат две кривични истраги и таа повеќе од два месеци не доаѓа на работа.

БУЈАР ОСМАНИ Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧАИР

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи е кандидат на Коалицијата „Европски фронт“ за градоначалник во скопската Општина Чаир. Бајрам Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово на коалицијата предводен од ДУИ.

Од „Европски фронт“ најавија дека кандидатурите за градоначалници ќе бидат распределени меѓу сите партнери во коалицијата. Покрај ДУИ, свои кандидати ќе предложат и Алијансата на Албанците предводена од Зијадин Села, како и фракцијата на Алијансата под водство на Арбен Таравари.

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕЛА

Сојузот на синдикати премета дека на едно четирчлено семејство за живот во јули му се потребни 65.328 денари. Според тоа, синддикалната кошничка во јули во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари. 

Според синдикатите, делот кој се однесува на храна и пијалоци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во услови кога има пожари во шумите, животните бегаат од огнената стихија и можно е да се спуштаат близу до или во самите рурални средини.

Ќе ја разреши ли Собранието претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска – Ова прашање се отвори откако за неа,  обвинителството поднесе обвинителен акт за кривичните дела Оддавање службена тајна и Компјутерски фалсификат. Димитровска, уште откако беше откриено дека за неа се води истрага, се тргна од јавноста, но не даде оставка.

Вработените во Регулаторната комисијата за домување се меѓу малкуте државни службеници, или вработени кои зимаат плата од државниот буџет и кои може да се пофалат со високи плати. Иако генерално лицата кои се дел од ова тело остануваат анонимни за јавноста, сепак, од самото основање на ова тело нивните плати биле меѓу повисоките во земјава.

Делегациите за преговори на Русија и Украина се подготвуваат да се сретнат во Истанбул, најверојатно неделава, како што предложија од Киев. Досега во тој град поминаа две рунди преговори. На нив беа договорени размените на заробени војници, тела на загинати војници, а меѓусебно си ги претставија меморандумите за условите за прекин на огнот  и мир. Како и што можеше да се очекува, двата меморандума се сосема спротивни.

Унгарскиот 4ИГ или евентуално останатите конкуренти ќе треба да и платат најмалку 8 милиони евра на државата за да го добијат правото да бидат трет голем телекомуникациски оператор во земјата, а разгледувањето на понудите ќе трае во зависност од тоа колку учесници ќе се јават на тендерот на АЕК.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот