19 Декември, 2025
0.0616

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинение против 34 лица за пожарот во Пулс, има докази кој ја внел пиротехниката

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2025 22:01

Добивај вести на Viber

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ИМА ОБВИНЕНИЕ ЗА 34 ЛИЦА

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Постапката за пожарот во Кочани e запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри. 

За нив нема доволно докази, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Значи за двајца министри се запира постапката, во период кога истите биле министри, не можам да ви кажам кои, имајќи предвид за другите имаат обвинение, за периодот кога биле на функција“, рече Коцевски.

Дополни дека постапката се запира и за едно лице кое е починато, а за едно лице е во прекин поради здравствената состојба.

УАПСЕНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ НЕ СПРЕЧИЛЕ АКТИВИРАЊЕ НА ПИРОТЕХНИКА

МВР објави дека во периодот од 14.03.2025 до 16.03.2025 на територија на СВР Штип уапсените 13 полициски службеници и функционери сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Против нив е поднесена кривична пријава, а јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против приведените.

ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ УШТЕ ОСУМ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници.

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Кандидатот за Скопје ќе биде познат во јули. 


ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН, А СЕГА ИРАН ВРАТИ

Иран му возврати на Израел, а експлозии одекнуваат во Тел Авив.

Сирените во повеќе израелски градови одекнуваат, а луѓето се повикуваат веднаш да заминат во засолништа, откако Иран истрела голем број ракети кон Израел. Телевизиски снимки покажуваат дека израелската противвоздушна одбрана постојано пресретнува ракети на небото.

Небото над Тел Авив е исполнето со густ чад кој најверојатно е резултат на експлодирана иранска ракета. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако гувернерот Трајко Славески неодамна изјави дека минималецот не е доволен за издржување на семејство и дека не е срамота луѓето да работат и втора работа, ги прашавме граѓаните дали работат или би работеле втора работа, дали за тоа имаат можности, енергија, време.

Фирма или правно лице кое изработува урбанистички планови повеќе нема да смее да биде и контролор на тие урбанистичките планови. Исто така фирмата која ќе прави супервизија не смее да биде ниту сопственик или управител во правно лице кое е изработувач на урбанистички план.

Струмичката компанија за производство на храна „Оранжерии Хамзали“ ја зголеми кредитната револвинг рамка за 2 милиони евра. За тие пари заложи земјоделско земјиште и сончева централа. 

Ударот на Израел врз Иран веќе ги потресе светските берзи, ја зголеми цената на нафтата и на златото

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот