19 Декември, 2025
0.0495

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Околу 500 кандидати се пријавиле за гаснење на пожари, најслаб интерес има во Скопје

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2025 22:05

Добивај вести на Viber

ОКОЛУ 500 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ОБУКА ЗА ПОЖАРНИКАРИ

Помалку од 500 луѓе се јавиле на јавниот повик за пожарникари. 

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите денеска завршува. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука. Потоа ќе следи селекција.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов денеска информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, иако, како што рече, очекувале бројка од 80 кандидати. 

АФРИМ ГАШИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.

Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево.

ГРЦИТЕ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ГО КОРИСТИ УСТАВНОТО ИМЕ

Се очекува Грција да изрази загриженост во врска со неуспехот на Северна Македонија целосно да го спроведе Преспанскиот договор од 2018 година за време на разговорите во Атина во среда меѓу министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, пишува Екатимерини. 

Средбата се случува во услови на зголемен притисок од Eвропската Унија(ЕУ) врз Македонија да ги почитува обврските поврзани со процесот на пристапување.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЦВЕТАНОВ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 вв ст.1 од Кривичен законик.

Според обвинението, во периодот од 2021 година до 15 март 2022 година, обвинетиот, во својство на вршител на должност Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНРСМ), со неизвршување и пречекорување на службени овластувања, постапувал спротивно на повеќе законски прописи и со тоа прибавил противправна имотна корист за себе и други лица, нанесувајќи притоа значителна штета на буџетот на институцијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Трошокот за бруто-плати во нерентабилното железничко претпријатие АД Железници - Транспорт за превоз на стока и патници се зголемил за 20 отсто за една година.

Во Oпштина Штип, според најновиот попис од 2021 година, над 93 отсто од населението живее во градот, додека селата се празни.

На струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев не му тргна со компаниите за електрична енергија. Тој влезе во овој бизнис веднаш по внукот Душко, но за разлика од него, чичкото нема профит од сите овие фирми.

Кризата во Германија удира се посилно и врз домашната текстилна индустрија. Една од најуспешните текстилни компании во Македонија, АД Мода по долги години успешна приказна и континуиран извоз во Германија, сега се бори со намалени порачки.

Грчката компанија „Коринт Пајпворкс“ објави дека на барање на изведувачот од Куманово, „Рапид Билд“, ќе ги произведува цевките за природен гас што на македонската страна ќе се поставуваат во текот на изградбата на гасоводот Македонија - Грција.

Спорот со Бугарија се претвори во нов мачен и долготраен процес кој му натежнува на македонското општество и предизвикува внатрешни поделби по прашањето околу уставните измени за внес на Бугарите, но и засилена пробугарска пропаганда која извира од внатре, односно од многу политичари, новинари и сурогати кои редовно се појавуваат во македонските медиуми.Спорот со Бугарија се претвори во нов мачен и долготраен процес кој му натежнува на македонското општество и предизвикува внатрешни поделби по прашањето околу уставните измени за внес на Бугарите, но и засилена пробугарска пропаганда која извира од внатре, односно од многу политичари, новинари и сурогати кои редовно се појавуваат во македонските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните