15 Декември, 2025
0.0362

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна големата акција за чистење на Скопје

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2025 22:22

Добивај вести на Viber

ПОЧНА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека акцијата за чистење на градот е почната. 

Вети дека за брзо, градот ќе блесне. 

„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне - уредено и достоинствено, токму како што доликува“, пишува тој. 

Ѓорѓиевски денеска ја презема функцијата од екс градоначалничката Данела Арсовска. Тој најави и ревизија. 

УАПСЕН Е ДИРЕКТОР ПОРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО

Директор на една државна агенција именуван од актуелната власт попладнево е проведен под сомнение за примање поткуп, неофицијално дознава Press24.

Станува збор за И.С. кој раководел со држана платежна агенција. Официјана потврда се уште нема, но и Обвинителатвото и МВР потврдуваат дека се спрпведува голема акција.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, велат од ОЈО ГОКК.

ЈАНЕВСКА НЕМА ДА МУ СЕ ЛУТИ НА МИЦКОСКИ АКО ЈА СМЕНИ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски доколку има реконструкција на Владата и биде смената од ресорот што го предводи. 

На новинарско прашање дали ако има реконструкција таа ќе остане во ресорот образование и наука или ќе раководи со друг ресор, Јаневска одговори дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи. 

Како што рече, премиерот го носи најголемиот товар за промените во државава и има право да одлучува за министрите. 

РОКАС КАЖА ДЕКА НЕМА НАПРЕДОК ВО СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

Евроамбасадорот Михалис Рокас го презентирaше во Владата извештајот на Европската Комисија(ЕК) за напредокот на Македонија и повика на забрзани реформи, уставни измени и обединета Европа.

„Се соочуваме со геополитички пејзаж кој брзо се менува, и само со обединување на Европа ќе обезбедиме и мир и просперитет на континентот“, порача евроамбасадорот Михалис Рокас на прес-конференцијата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Владата.

Рокас истакна дека сега е време да се искористи шансата за забрзување на реформите и нивно поодлучно спроведување.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Плановите на Владата за буџетските трошења пристигнаа во Собрание, и очекувањата се наскоро да започне нивното разгледување. Како што е веќе објавено планот е да се потрошат рекордни 414,1 милијарда денари или 6,7 милијарди евра.

Марија Кумбароска Ванбесин е сениор директорка за извршно пребарување (executive search) и советување за одбори, со повеќе од петнаесет години меѓународно искуство во идентификување и развој на лидерски кадар. 

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти