18 Април, 2024
0.0340

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се појави сомнителен случај, се утврдува дали се работи за мајмунски сипаници, а КЗБ препорача карантин

Објавено во: Македонија 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

ИМА СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ ЗА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

Директорот на кичевската болница Станко Трпески за Телма вели дека е неточна информацијата за бегство на пациентот сомнителен на мајмунски сипаници. Потврдува дека бил тежок за соработка со медицинските екипи, но целата процедура е запазена за да се утврди точна дијагноза со тестови за вирусот. 

Не бил хоспитализиран во болница, а имал изразени симптоми по неколкунеделен престој во странство.

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА КАРАНТИН

Комисијата за заразни болести(КЗБ) препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа: изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање; изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите; секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден. 

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјата. Информираат дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај. 

ОД КАБИНЕТОТ НА ПЕНДАРОВСКИ ОБЈАСНИЈА ЗОШТО ЈА НЕМА ПЛОЧАТА ВО ПРОХОР ПЧИНСКИ

Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот Св. Прохор Пчињски за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години, велат од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.

„Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во Св. Прохор Пчински за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот Св. Прохор Пчински“, наведуваат од кабинетот на Пендаровски.

АРСОВСКИ СЕПАК НЕ БИЛ ВО МОНТЕ КАРЛО

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски се огласи на фејсбук со долг демант, откако некои портали, а потоа и СДСМ објавија дека тој бил наводно на екслузивен одмор во Монте Карло.

„Гледам ме споменуваат СДСМ на прес конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период.

Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Акцијата на компанијата „Макошпед“ имала најголем пораст во текот на јули на тргувањето на Македонската берза. Цената на акцијата на овој македонски шпедитер во текот на изминатиот месец пораснала за дури 84 проценти, и со тоа избива за јули во убедливпо прва акција според ценовниот пораст.

Вложувањата во акции на „Комерцијална банка“ излегоа многу добра и исплатлива инвестиција. Особено за „Гранит“ кој благодарејќи на дивидендата од оваа акција е најдобитен акционер во конкуренција на компаниите чии акции котираат на берза и приходите од дивиденди ги книжат во извештаите за парични текови

Со вчерашната објава на спогодбата за спојување на двете акционерски друштва во државна сопственост - АД Национални енергетски ресурси и АД ГА-МА Скопје, дојде до формирање на единствена национална компанија за гасификација на земјата - „Номагас“, име што произлегло од идејата за широкиот поим North Macedonia Gas, или Северна Македонија Гас.

Силна бура од реакции уследи во јавноста по најавата дека ќе се менува даночниот систем во земјава. Сосема очекувано, кога се даноците во прашање, многубројни реакции за намерата на надлежните да воведат даноци на сегменти кои досега не биле даночени, но и за најавите за можно враќање на прогресивниот данок. 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во овој период издава околу 800 решенија дневно, освен за викенд кога бројот на позитивните случаи е помал, односно онолку колку што има официјално регистрирани пациенти позитивни на корона вирусот.

Можеби ќе ве интересира

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден