ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Бугарија темата Македонија е актуелна, Трифонов вели Петков сакал да го крене ветото
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2022 20:59
ДАЛИ ЌЕ СЕ КРЕНЕ БУГАРСКОТО ВЕТО?
Бугарскиот премиер Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковната позиција донесена од Народното собрание и Владата на Бугарија, но тој беше одбиен од МНР, рече шефицата на бугарската дипломатија во оставка Теодора Генчовска на сослушувањето пред пратенциите во Парламентот во Софија за преговорите со Македонија.
Генчовска, како што јави БГНЕС, оцени дека преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив, како што наведе, е „формулацијата на т.н. македонски јазик во историска и етничка смисла“.Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска со нов статус го нападна бугарскиот премиер, Кирил Петков.
Петков му ветил на еврокомесарот Оливер Вархеји дека ќе го тргне ветото за Македонија за почеток на пристапни преговори со Европската унија (ЕУ), а притоа сакал да направи отстапки за македонскиот јазик.Политичкиот аналитичар и поранешен вицепремиер, Васко Наумовски, синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 даде свое видување за спорот меѓу Скопје и Софија.
Во врска со моменталната ситуација во Бугарија, Наумовски рече дека потресите во владејачката коалиција се обид да се урне владата, но на крајот тој изрази оптимизам дека бугарската владата ќе опстои и дека има некои шанси за кревање на ветото на самитот на ЕУ овој месец.РАШКОВСКИ СИ ГО БАРА ПАСОШОТ
Eкс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски бара од Кривичниот суд да му го врати пасошот. Тој му е одземен откако му е укинат притворот.
Барањето Рашковски го изнел на денешното судско рочиште, на кое се читаа пораки што си ги праќале обвинетите во случајот „Софтвери“. Неговото барање доаѓа во пресрет на сезоната на летни одмори.МЕДВЕДЕВ СО ПРОВОКАТИВНА ИЗЈАВА ЗА УКРАИНА, ПОДОЉАК МУ ВРАТИ
Дмитри Медведев, долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, утринава на својот канал „Телеграм“ објави порака која дава увид во актуелното размислување на високите руски кругови за ситуацијата во Украина.
Во пораката, Медведев го доведе во прашање украинското барање да добие гас оваа зима со можност за одложување на плаќањата за две години.Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак за соработникот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитри Медведев вели дека е „мал човек со огромни несигурности, што шири отров кон Украина”.
„Тоа му е единствениот начин да се докаже. Украина постоела, постои и ќе постои. Прашањето е каде ќе биде Медведев за две години”, вели Подољак.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Сменет е еден од директорите во државните електрани. Одлуката за оваа кадровска промена ја донел Надзорниот одбор на државната компанија за производство на струја.Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




