17 Декември, 2025
0.1342

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жан Митрев остана без пасош, а кичевчанецот кој беше сомнителен не е заразен со мајмунски сипаници

Објавено во: Македонија 12 Август, 2022 21:08

Добивај вести на Viber

ЖАН МИТРЕВ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ

Одземен е пасошот на докторот Жан Митрев. 

Ваква одлука донел судијата на претходна постапка откако Јавното Обвинителство денеска го сослуша и побара мерка за обезбедување.

Обвинителството води истрага за измама на пациенти во приватна клиника. 

Информираат дека по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

КИЧЕВЧАНЕЦОТ КОЈ БЕШЕ СОМНИТЕЛЕН НЕ Е ЗАРАЗЕН СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вечерва за МИА потврди дека кичевчанецот е негативен на мајмунски сипаници. 

„Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравке од Битола кој што го води здравствениот надзор“, рече Мехмедовиќ.

Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира.

МАСАКР СЕ СЛУЧИ ВО ЦЕТИЊЕ

Владата на Црна Гора вечерва прогласи тридневна жалост поради големата трагедија што денеска се случи во Цетиње, каде маж уби 11 луѓе.

Оваа информација ја објави премиерот Дритан Абазовиќ на својот Телеграм канал. Во населбата Медовина во Цетиње, во близина на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија од Управата на полицијата на Црна Гора.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Земјите членки на Европската унија остануваат на намерите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и прават се во нивна моќ за претстојната зима во која не планираат ниту најавуваат враќање на јагленот за производството на електрична енергија и покрај драстичниот порастот на цените на енргентите на светските берзи, укажува универзитетскиот професор Горан Рафајловски

Минатата година на Европската банка за обнова и развој сме му платиле 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци - Крива Паланка. Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Занимањето дефинирано како општ работник е убедливо најбарано во земјава, и за него има дури 814 слободни работни места.

Партнери во бизнисот за надзор врз градбата на автопатите вреден 22,6 милиони евра навремено не доставиле банкарска гаранција. Тендерот што сега е поништен го добија велешка фирма „Институт за патишта ДООЕЛ“ основана со 5.000 евра и хрватскиот Институт ИГХ чија специјалност е токму надзор врз вакви комплексни инфраструктурни проекти

По двата суспектни случаи на мајмунски сипаници во Македонија во последниве неколку дена се крена паника во јавноста во однос на ширење на нова зараза, но здравствените власти уверуваат дека едноставно нема место за паника и дека не се очекува сериозно ширење на мајмунските сипаници. 

Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал