ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заврши притворот за Ламбе Алабаковски, тој е на слобода, но одземен му е пасошот
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2022 21:23
ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ Е НА СЛОБОДА
Пејачот Ламбе Алабакоски доби судска мерка за претпазливост - одземање на пасошот, а неговиот притвор заврши и тој е на слобода. Одлуката ја донесе Кривичниот совет на Судот во Битола.
Веста за битолскиот портал Апла.мк ја потврди адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски. Алабаковски е осмничен за подметнување пожар во таканаречениот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а како изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, користејќи негови иницијали, тој во полиција го признал делото. Пејачот пред два - три месеци се врати од САД.
Судија на претходна постапка му одреди 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД каде живееше до неодамна.ВЛАДАТА ГИ ОГРАНИЧИ ТРГОВСКИТЕ МАРЖИ
Ограничување на трговските маржи на пет и 10 проценти за трговците на мало и големо ќе воведе Владата. Ова го соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши по одржаната владина седница.
-По консулатации со бизнис заедницата, откако беше направен инпекциски надзор, Владата само што ја усвои највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи, во трговијата на големо и мало. Според одлуката, почнувајќи од утре, откако ќе биде објавена во Службен весник, до 30 септември, за бел леб сечен на парчиња или цел, шеќер и масло за јадење се утврдува највисока трговска маржа во висина од пет посто во трговија на големо и во трговија намало. За брашно од пченица тип 400 и тип 500, макарони од тврда пченица, бел ориз и млеко се утврдува маржа од 10 отсто, во трговија на големо и мало – кажа Бектеши.
Министерот исто така дополни дека е договорено во делот на формирање на цени да не се пресметуваат дополнителни оперативни трошоци, и нема да се плаќа рабат, за да нема дополнителни трошоци за производителите, ниту за превозниците, кои се прават врз основа на меѓусебни трошоци.УКРАИНА БАРА УШТЕ ОРУЖЈЕ
Украина од западните земји доби само 10 отсто од вооружувањето кое го бараше.
Сега украинската армија нема доволно оружје и воена опрема за рамноправно да и се спротивстави на руската војска.
„Капацитетите на Русија во однос на персонал и оружје се неспоредливо поголеми од нашите. Колку и да вложуваме труд и колку и да е професионална нашата армија, без помошта на западните партнери нема да можеме да победиме во оваа војна“, изјави заменик-министерката за одбрана Ана Малијар, пренесува ТАСС.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




