16 Јануари, 2025
0.0323

ФАКТОР СТОРИЈА: „Ропство” во старите чевли

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Повеќе од еден месец седумдесет и две годишната Ратка Стојановска нема излезено од својот дом во Стајковци. Вели нема обувки, страотната поплава и однела се,  па и чевлите. Сега како што раскажува е буквално боса. До локалната продавница оди со старите и износени чевли од сопругот. За нови пари нема. Долниот кат од куќата бил стопроцентно уништен. Горниот не бил доправен за живеење. За неа нема празник, ниту делник. Најдолгата дестинација надвор од домот сега за неа е пекарата за да си купи леб. Соседите делат слична мака, раскажува жената, па барем на стотина метри од нејзината куќа никој нема да и се насмее за  калливите обувки кои се единственото нешто што останало од налетот на калта и водата.

14225605_1279203715425355_3513161608649165128_n

14212098_1279203702092023_8855878479928470264_n-1„Еден месец не сум излегла од дома. Одам до продавница да купам леб и толку. И јас и сопругот сме пензионери и живееме од неговата пензија од осум илјади денари. Овие пари не стасуваат само да се прехраниме. Се што имавме го изгубивме во невремето. Помина Комисијата за проценка на штети. Запишаа дека сме стопроцентно уништени. Од долниот спрат не остана ништо. Немаме алишта да се облечеме. Носам што ќе најдам. Благодарна сум, навистина од срце на сите хумани луѓе кои помогнаа да се расчисти дворот кој беше целосно поплаавен. Едвај направија пат да може да се пристапи до куќата. Но проблемот е што поголемиот шут се отстрани, а остана помалиот, па сега секојдневно црпиме со кофи кал. Страотно е. Ти ја црпиш калта, таа повторно излегува со дождовите-“ раскажува Стојановска.

Ратка е разочарана што помошта за поплавените семејства во Стајковци ја има но не стигнува до оние на кои им е навистина потребна. Минатата недела ги зеле парите од авансната помош и веднаш ги потрошиле за санирање на подот на долниот кат.

14142084_1279203658758694_104181439761882961_n

„Успеавме да ставиме кошулица и толку. Сега за друго нема пари. Заладува времето и незнам како ќе ја поминеме зимата. Синот не е вработен, не е  ниту женет.Се мачи со сопругот да ја поправиме колку толку куќата за живеење, барем по еден кревет да има каде да се легне. Друго не бараме. Многу е тешко. На почеток ни даваа по некоја конзерва, паштета, леб, вода. Сега нема ништо. А допрва не чекаат давачки. Во празна куќа што треба – се! А парите не стигнуваат за храна и сметки” - додава Ратка.

13962741_10154471963504433_450777459247285247_n

За маката да биде поголема  вели жената,  силното невреме ја однело и оградата која ги делела нивниот и имотот на нивниот прв сосед,  со кој со години воделе судски спор за меѓата. Сега наместо разрешница имаат секојдневна караница.

“Стравувам за синот кој е нервозен и несака да му попушти на соседот. Проблемот е за четириесетина квадрати кои како што ни рекоа се катастарска грешка и неможе да се поделат правилно. Комшијата вели ќе дигнам ѕид. Има многу процедури да се истрчаат до општина, до Катастар. А со кои пари да го водиме спорот. Со години по судови се влечеме. Станаа осум години. И до Врховен стигнавме. Ние сме повеќе од четириесет години овде. Староседелци. Сега почнуваме од почеток, па не да ја гледаме маката која не снајде со невремето, сега ќе решаваме и делби, меѓи, спорови. Стравувам да не се направи некој инцидент”- вели жената.

И дел од соседите на Ратка Стојановска се на слични маки. Велат поплавата ги однела нивните печалби, надежи. Сега крпат ден за ден, за да се  вратат во нормала. А таа им изгледа  се подалечна. На сред село во Стајковци секој си ја раскажува својата мака.  Мештаните очекуваат дека надлежните ќе ја забрзаат постапката за распределба на парите од проценката за штети, за да ги вратат своите домови приближно на она што го имале пред поплавата.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира