17 Декември, 2025
0.0531

Фалсификувале документи за регистрација на луксузни автомобили - јавниот обвинител бара притвор

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2022 14:53

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои првиот е осомничен за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другите двајца за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, како и за поттикнување на првоосомничениот да изврши злоупотреба на службената положба.

- Во периодот од јули 2020 година до мај 2021 година, првоосомничениот како службено лице – референт во МВР – ОУР Скопје, поттикнат од другите двајца, ја искористил својата службена положба и овластување и со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Со тоа на осомничените им остварил значителна имотна корист од 174.052 евра - пишува ОЈО во соопштението.

Вториот и третиот осомничен, во наведениот период, поднесувале фалсификувани документи за регистрација на луксузни автомобили на кои им било извршено прикривање и промена на оригиналните идентификациски броеви. Првиот осомничен, без да ги направи неопходните проверки на целокупната документација, им овозможувал да ги регистрираат возилата и потоа да ги препродадат на трети лица.

За тројцата осомничени, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото за кое се осомничени. 

Можеби ќе ве интересира

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје