20 Мај, 2024
0.0264

ФДА (Американската администрација за храна и лекови) одобри ново, целно лекување на рак на мочниот меур, со третман од „Рош“

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Нова надеж за болните од рак е одобрувањето на новиот таргет третман на „Рош“ Тецентрик (атезолизумаб) за најчестиот вид  рак на мочниот меур, наречен уротелијален карцином. Одобрувањето го издаде Американската администрација за храна и лекови.

Цел на Тецентрик е ПД-1/ПД-Л1 патеката (протеини што ги има во имунолошките клетки на телото и некои клетки на рак). Со блокирање на оваа интеракција, Тецентрик може да му помогне на имунолошкиот систем на телото да се бори против клетките на рак. Тецентрик е првиот ПД-Л1 инхибитор одобрен од ФДА и последен во пошироката класа на ПД-1/ПД-Л1 таргет биолошки производи одобрени од ФДА во последниве две години.

„Имунотерапијата за рак е многу интересна област за истражување. Можноста да се активира имунолошкиот систем за да ги елиминира клетките на рак е тема за која дознаваме се повеќе. Се очекува имунотерапијата да стане четвртиот столб на лекувањето на ракот, веднаш по хирургијата, зрачењето и хемотерапијата. Во Република Македонија според достапните податоци се регистрирани 93 нови случаи на карцином на мочен меур во 2014 година и бројот на новозаболени е во постојан пораст последниве 5 години кај двата пола. Во однос на полот, предоминира бројот на пациенти мажи.“ – изјавија онколозите од Одделот за урогенитални тумори при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Тецентрик е одобрен за лекување  пациенти со локално напреднат или метастазиран уротелијален карцином чија болест се влошила за време на или по третман со хемотерапија што содржи платина, или во рок од 12 месеци по добивањето на третманот со хемотерапија што содржи платина, пред (неоадјувантно) или по (адјувантно) хируршко лекување. Уротелијалниот карцином е најчестиот вид  рак на мочниот меур и се јавува во уринарниот систем.

Директорот на „Рош“ за Балканот, Уфук  Апајдин, изјави: „Имунотерапијата за рак ја одразува ползата што иновацијата им ја нуди на пациентите, нивните семејства, соодветните  институции и општеството, а корисна е и за трошоците што се потребни за одржување витални иновации за и во иднина да се задоволат потребите на пациентите. Целта на имунотерапијата за рак е да обезбеди нови опции и долгорочни одговори на третманот за лицата заболени со рак. Податоците се навистина охрабрувачки: стапки на одговор што ветуваат, долготрајни одговори на третманот и поволен безбедносен профил. Можноста да се подобри исходот за пациентите со атезолизумаб е возбудлива и главна движечка сила на нашата работа.“

Што е ФДА?

ФДА, агенција во рамките на Американското министерство за здравство и социјални служби, коа  го штити јавното здравје така што се грижи за безбедноста и ефективноста на лековите за луѓе и животни, вакцините и другите биолошки производи за човечка употреба, како и за медицинските помагала. Агенцијата, исто така, е одговорна за безбедноста на храната, козметиката, додатоците во исхраната, производите со електронско зрачење и за регулирање на производите од тутун.

Што е атезолизумаб?

Атезолизумаб е моноклонално антитело откриено и развиено од „Рош“/„Генентек“ што го врзува ПД-Л1 протеинот и ја блокира интеракцијата на ПД-Л1 со ПД-1 и Б7.1. Ова им овозможува на цитотоксичните Т-клетки, одбранбениот механизам на телото, да ги убива туморските клетки. Атезолизумаб е специјално направен за да се спречи исцрпувањето на Т-клетките.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО