17 Декември, 2025
0.0476

Фејсбук ги менува правилата за слободно изразување на социјалната мрежа

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2015 17:26

Добивај вести на Viber

Како глобална платформа со над 1 милијарда корисници Фејсбук се соочува со мноштво различни закони и разбирања во одделните држави. Ова важи со посебна сила за слободата на говорот.

Корисниците сакаат да можат да објавуваат и да коментираат што сакаат во социјалната мрежа, а некои влади претпочитаат тоа да не е баш така. Во обид да најде соодветен баланс Фејсбук објави ажурирана верзија на правилата за слободно изразување на социјалната мрежа, во кои појаснува што од содржината е дозволено.

Една од најголемите промени е дека корисниците не се обврзани да се регистрираат со вистински имиња. Наместо тоа, компанијата вели дека сака луѓето да ги користат нивните „автентични идентитети“. Пред онлајн изданието „Re / Code Facebook“ појаснува дека сака луѓето во социјалната мрежа да користат имиња кои ги користат и во реалниот живот.

Со ова Фејсбук би требало да стави крај на многуте поплаки од корисници, чиј сметки биле блокирани поради наводно нереални имиња. Од тоа најчесто страдаа помалку познати музичари и актери чии псевдоними не се примаа од компанијата. Има и куриозитетни случаи кај кои луѓе со необични имиња на лична карта биле блокирани со аргумент дека нивните имиња не се реални.

Освен тоа Фејсбук појасно објаснува што подразбира под говор на омраза. Во вклучувањето не влегува сатира, хумор и социјален коментар за чувствителна тема. Освен тоа социјалната мрежа не дозволува цитирање на искази кои би биле класифицирани како говор на омраза, ако е со цел привлекување на внимание кон проблем.

Компанијата експлицитно наведува дека забранува категорично било каква сексуална содржина со малолетници, како и закани за објавување на интимни фотографии или нудење сексуални услуги. Слики и видео со сексуално насилство од каков и да е вид, исто така се забранети.

Истовремено Фејсбук веќе ќе дозволи објавување на „уметничка голотија“. Во оваа новост влегуваат „фотографии, слики и друга уметност, која може да ја отсликува голотијата“.

Социјалната мрежа нагласува дека ќе продолжува да се потпира врз контролата на корисниците. Не се менуваат начините за поднесување на сигнали кон компанијата, ако корисникот се почувствува засегнат или загрижен од дадена публикација или страница на Фејсбук . Компанијата сепак прецизира дека го задржува правото на конечна пресуда и ако некоја публикација добила повеќе сигнали од обично, тоа не гарантира дека тоа ќе биде укината.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив