Фејсбук наскоро со апликации и за вашата здравствена состојба
Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2014
Фејсбук веќе знае кои се вашите пријатели како и кои работи ви привлекуваат внимание, но наскоро оваа социјална мрежа би можела да знае и за вашата здравствена состојба. Се ова го прават нивните колеги од компанијата Apple и Google, кои веќе направиле апликации и платформи за следење на здравјето. Изворите кои се запознаени со плановите на социјалната мрежа, порачале дека претставниците на Фејсбук во последно време се состанувале со медицински експерти, а покрај тоа отвориле и посебно одделение за да ги тестираат здравствените апликации и сервиси.
Плановите на компанијата во областа на здравството се уште во развој, но една екипа наводно го разгледува процесот на создавање апликации за „превентивна грижа“, која ќе биде дизајнирана со цел да им се помогне на луѓето да живеат здрав живот
Друга група почнала да го истражува начинот да креира заедничка поддршка која би ги поврзала корисницитена Фејсбук кои имаат исти проблеми.
На оваа идеја Фејсбук дошол кога видел дека во сопствените редови имаат луѓе кои имаат бројни хронични болести а бараат сајтови за совет. Марк Цукенберг веќе имал успех со иницијативи во областа на здравството, а неговата жена која е доктор по педијатрија донирала 5 милиони долари во здравствениот центар во Паоло Алт, каде е седиштето на Фејсбук. И покрај сето ова, апликациите и сервисите кои компанијата ги создала не можат да бидат брендирани со името на Фејсбук.
Ројтерс порачува дека Фејсбук ја разгледува тивката објава на првата апликација под друго име, како би ја намалил загриженоста на корисниците кои би можеле да сметаат дека нивните медицински податоци биле украдени.