18 Декември, 2024
0.0269

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Десет години успешна стратешка соработка меѓу Филип Морис Интернешнал (ФМИ) и Тутунскиот Комбинат Прилеп (ТКП) се одбележаа на настанот на кој, меѓу другите, присуствуваa премиерот Христијан Мицкоски, Регионалниот потпретседател за кластерот Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал, Костас Салварас и Генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), Иван Костиќ.

Присутните заклучија дека се исполнети основните цели на партнерството - остварување заедничка корист за двете компании и создавање цврста основа за иднината на македонската тутунска индустрија. Посебно беше нагласена целта за продолжување на успешната соработка, особено во делот на иновациите и инвестициите во нови технологии.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека изминатите 10 години се пример за позитивното влијание што силните меѓународни соработки можат да го имаат врз економијата и заедницата.  

„Многу е направено и многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана. Градењето на партнерски односи е нешто на коешто сите ние треба заедно да работиме и за коешто оваа Влада ќе даде безусловна поддршка и очекувам со иста динамика да продолжат развојот, инвестициите и производството.“ изјави Мицкоски.

Регионалниот потпретседател за кластерот Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал Костас Салварас, пред присутните истакна дека соработката помеѓу Филип Морис Интернешнaл и Тутунскиот Kомбинат Прилеп овозможи успешно реструктурирање и трансформација на ТКП, со што комбинатот стана повторно успешна компанија, додавајќи дека целта е да се продолжи и да се прошири успешната соработка преку иновации и инвестиции во нови технологии.

Генералниот директор Костиќ во својот говор се осврна на досегашните успеси од партнерството: “Компанијата ФМТКП учествува во државниот буџет со повеќе од 120 милиони евра годишно.

Во изминатите десет години компанијата се позиционираше на врвот на македонскиот пазар во сите сегменти на работењето, резултурајќи со отпочнување на извоз на 9 пазари, меѓу кои и земји од Европската Унија. Паралелно, продолжуваме да ја градиме иднината без чад, базирана на научно поткрепени и иновативни решенија, но остануваме посветени и на остварување на нашите заеднички цели со стратешкиот партнер Тутунскиот Комбинат Прилеп.”

*пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“

Традицијата за поддршка на инклузивноста продолжува: Стопанска банка сонува и го менува општеството на подобро

Традицијата за поддршка на инклузивноста продолжува: Стопанска банка сонува и го менува општеството на подобро

Конференција ,,Придобивки од интеграција на податоци и дигиталната трансформација во медицината“ во Клиника Жан Митрев

Конференција ,,Придобивки од интеграција на податоци и дигиталната трансформација во медицината“ во Клиника Жан Митрев

За Нова година дајте си го најдоброто, Животно осигурување!

За Нова година дајте си го најдоброто, Животно осигурување!

Успешна приказна што ги обединува генерациите: Одржана првата Алумни средба на Економскиот факултет при УКИМ

Успешна приказна што ги обединува генерациите: Одржана првата Алумни средба на Економскиот факултет при УКИМ

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА- МЕРЦЕДЕС БЕНЗ Е 220 Д

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА- МЕРЦЕДЕС БЕНЗ Е 220 Д

ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики