Добивај вести на Viber
Првата Алумни средба на Економскиот факултет – Скопје, се покажа како успешен настан кој ги обедини генерациите студенти во духот на заедништво и соработка. Настанот вклучуваше инспиративни обраќања, пријатна атмосфера и нови можности за поврзување и споделување успеси.
- Со големо задоволство ве известуваме дека првата Алумни средба на Економскиот факултет - Скопје помина успешно и остави незаборавен впечаток кај сите присутни!
Настанот, одржан на 12 декември 2024 година, беше прекрасно искуство за поврзување на сите генерации наши студенти, споделување успеси и креирање нови можности за соработка
Гостите уживаа во инспиративното обраќање на деканот, проф. д-р Предраг Трпески, претседателот на Алумни, Александар Манев и членовите на одборот за поддршка на Алумните, Сергеј Зафироски и Катерина Тошевска-Трпчевска. Пријатната атмосфера на коктел-забавата ги зближи сите присутни. Оваа средба уште еднаш ја потврди важноста на Алумни мрежата како платформа за континуиран раст и заеднички напредок.
Искрено благодариме на сите кои беа дел од овој настан и го направија посебен.
Со нетрпение очекуваме идни средби и продолжување на нашата успешна приказна!
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.