18 Декември, 2024
0.0285

Традицијата за поддршка на инклузивноста продолжува: Стопанска банка сонува и го менува општеството на подобро

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Долгогодишните заложби на Стопанска банка АД-Скопје за промоција на инклузијата на лицата со пречки во развојот во сите општествени сфери преку конкретни проекти со кои се подобруваат условите за учење, социјализација и развој, продолжуваат и оваа година со исто темпо. Поддршката на инклузивните проекти е значаен дел од корпоративната култура на Стопанска банка преку долгогодишната кампања „Сонуваме.Менуваме“, која на крајот од оваа година ќе се заокружи со музичко-театарскиот спектакл „Необичен ден“ во кој главните ликови се омилените јунаци од „5+ Фамилија“ заедно со деца со попреченост.

Претставата „Необичен ден“ ќе се прикажува на 29 декември во Македонскиот народен театар од 18 и 20 часот, токму на денот кога Стопанска банка го прославува својот јубилеен 80. роденден. Прикажувањето на музичко-театарскиот спектакл е заокружување на годинешната јубилејна кампања ДОМА, со која Стопанска банка преку многубројни активности во текот на целата година ги одбележа изминатите осум децении успешна работа и континуирана поддршка на заедницата.

Билетите за „Необичен ден“ наскоро ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на МНТ, а претставите ќе продолжат со прикажување и во јануари 2025 година. Зад овој спектакл стои Стопанска банка во соработка со ОXО продукција, при што на сцената ќе се појават популарните ликови од „5+ Фамилија“, Лина, Петко, детективот Цветко, Џими, Лука, Цвајнштајн, Алек, Лиз и Мира и нивните другарчиња со попреченост. Актерите на сцената, на која сите се рамноправни и еднакво придонесуваат за нејзината успешност, преку игра и песна уште еднаш ќе ја пренесат пораката дека е потребно сите заеднички да работиме на менување на јавната свест за потребата од инклузија, со што ќе создадеме свет без предрасуди во кој сите сме еднакви. 

Ова е шесто издание на кампањата „Сонуваме.Менуваме“, која низ годините прерасна во платформа која вистински го менува светот на подобро преку конкретни проекти. За таа цел, Стопанска банка и годинава распиша јавен повик за доделување грантови на асоцијациите на лица со посебни потребиза реализација на проекти со кои се подобруваат условите во заедницата во која тие учат и живеат. Станува збор за проекти кои опфаќаат поголем број деца со попреченост, кои овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности. Преку платформата „Сонуваме.Менуваме“,во оваа и претходните години Стопанска банка ќе има инвестирани над 115.000 евра за реализација на повеќе од 60 проекти од големо значење за асоцијациите.

Асоцијациите кои сѐ уште не се пријавиле за грант имаат можност да аплицираат до 20 декември 2024 (петок), на мејл адресата csr@stb.com.mk со назнака „Предлог проект за грант: Сонуваме.Менуваме 2024“. Пријавените проекти, како и во минатите години, ги оценува посебна комисија од Стопанска банка, а Банката ќе ги објави добитниците на грантови на 29 декември 2024 година.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“

Конференција ,,Придобивки од интеграција на податоци и дигиталната трансформација во медицината“ во Клиника Жан Митрев

Конференција ,,Придобивки од интеграција на податоци и дигиталната трансформација во медицината“ во Клиника Жан Митрев

За Нова година дајте си го најдоброто, Животно осигурување!

За Нова година дајте си го најдоброто, Животно осигурување!

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Успешна приказна што ги обединува генерациите: Одржана првата Алумни средба на Економскиот факултет при УКИМ

Успешна приказна што ги обединува генерациите: Одржана првата Алумни средба на Економскиот факултет при УКИМ

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА- МЕРЦЕДЕС БЕНЗ Е 220 Д

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА- МЕРЦЕДЕС БЕНЗ Е 220 Д

ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики