18 Декември, 2024
0.2026

За Нова година дајте си го најдоброто, Животно осигурување!

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Новогодишниот период е време кога размислуваме за годината која помина, кога си посакуваме нови желби, но и период кога сакаме да ги израдуваме најблиските.  Се купуваат подароци, за самите себе, така и за најблиските и најсаканите. Ова е време на надеж и можности, кога размислуваме за подобра иднина, не само за нас туку и за светот што го градиме околу себе.

Секако дека правиме планови, а кога ќе отчука 12 часот посакуваме среќа, но она што најсуштински го посакуваме е долготрајност и сигурност.  Животното осигурување е подарок што не е само обична одлука туку израз на љубов и одговорност кон најблиските.

Лесно може да се замисли 2025 година како година во која ќе се направи најважниот чекор: заштита на семејството и нивната иднина. Еден ваков подарок изразува голема љубов и грижа, најблиските се заштитени без оглед на околностите. Ова е нешто што не трае еден ден туку цел живот, со една малечка инвестиција се обезбедува долгорочна сигурност. Она што животот нѐ научил е дека секој нов почеток бара цврсти темели. Токму животното осигурување помага да се изградат соништата, со што помалку грижи.

Додека другите подароци избледуваат, ова е подарок што нема рок на траење. Покрај тоа, животното осигурување е поддршка во најтешките моменти и сила во деновите кои доаѓаат. Да се купи мир значи да се направи мудар чекор, како за себе, така и за најмилите.

Секое семејство заслужува да биде заштитено а малкумина си го дозволуваат тоа, па 2025 е навистина извонредна можност конечно да се заплови во едни мирни и спокојни води.

Постојат различни типови на животно осигурување со различна минимална месечна и годишна премија.На пример за ризико животно осигурување месечна премија е 3 евра, за колективно осигурување месечната премија е 0,5 евра, додека за класично животно осигурување месечна премија 15 евра итн. Ќе се согласите износите на премиите се толку ниски, а бенефитите големи! Полисата за животно осигурување може да се адаптира на вашите индивидуални потреби, нудејќи ви го она што ви е потребно и што можете да си го дозволите. Таа се одредува согласно возраста, полот, вашите желби и барања, со цел да создаде најдобри услови и придобивки за осигуреникот.

Животното осигурување им е потребно на сите возрасни луѓе кои остваруваат свои примања, а особено на оние со луѓе и домови за кои треба да се грижат. Без разлика дали се работи за долгогодишен бизнисмен, самохрана мајка или пак вработен млад човек кој сака да основа свое семејство, полисата за животно осигурување гарантира мирна сегашност и ќе ви помогне да ги поставите темелите за среќна иднина. 

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“

Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“

Традицијата за поддршка на инклузивноста продолжува: Стопанска банка сонува и го менува општеството на подобро

Традицијата за поддршка на инклузивноста продолжува: Стопанска банка сонува и го менува општеството на подобро

Конференција ,,Придобивки од интеграција на податоци и дигиталната трансформација во медицината“ во Клиника Жан Митрев

Конференција ,,Придобивки од интеграција на податоци и дигиталната трансформација во медицината“ во Клиника Жан Митрев

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Успешна приказна што ги обединува генерациите: Одржана првата Алумни средба на Економскиот факултет при УКИМ

Успешна приказна што ги обединува генерациите: Одржана првата Алумни средба на Економскиот факултет при УКИМ

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА- МЕРЦЕДЕС БЕНЗ Е 220 Д

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА- МЕРЦЕДЕС БЕНЗ Е 220 Д

ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

ЗАЕДНИЧКА РЕЦИКЛИРАЧКА АКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, ПАКОМАК И BALL CORPORATION

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики