08 Септември, 2024
0.0259

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Балансерот останува на сила, но не значи дека нема да биде предмет на дискусија за укинување и во иднина. Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој посочи дека има институции со превработеност, а од друга страна, само 30 проценти од вработените ги исполнуваат своите работни задачи.

На прашањето во врска со намалувањето на администрацијата, во интервјуто за Радио слободна Европа, Минчев одговори дека реформите во јавната администрација треба да бидат предмет на сеопфатна анализа. 

- Реформите во јавната администрација се започнати, ние влеговме во еден процес на дебата за едни закони, но тој процес треба да биде солиден и сеопфатен, во кој треба да бидат вклучени сите институции кои ги засега и јас се надевам дека во многу брз период ќе следат силни реформски процеси кои ќе бидат директно презентирани во јавноста, рече министерот. 

Минчев информираше дека има институции во државата каде што бројот на вработени е преголем, но сепак можеби 30 до 40 проценти вистински ги исполнуваат своите работни задачи. Посочи и дека има инспекторати, или некои институции кои имаат 15 вработени, а имаат управни одбори од седум членови кои, како што дополни, патем земаат околу 2.000 до 2.500 евра и прават годишен трошок во Буџетот од околу 250 илјади евра, а имаат седница еднаш во годината.

- Такви институции и органи во државата има многу. Затоа е важно да најдеме добар баланс, да ја имаме реалната ситуација и мислам дека сме созреани да направиме еден голем исчекор во смисла на сериозни реформи кои ни претстојат во јавната администрација, дополни министерот. 

За намалувањето на администрацијата кое беше најавувано во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека е комплициран процес и предмет на анализа. 

Во однос на укинувањето на Балансерот, тој рече дека тоа не може во моментов да се шпекулира, иако, како што посочи, скриниг извештајот на Европската Унија од 2023 година класифицира податок во кој што се вели дека намената на балансерот за која што е создаден практично не се исполнува, односно дека балансерот се злоупотребува. 

- Јас и досега кажав дека во минатото Балансерот бил предмет на злоупотеба, односно имаме случаи каде што Македонци се пишувале Албанци, Албанци се пишувале Македонци, припадници на други етнички заедници, што значи Балансерот практично веќе ја губи својата намена за што е создаден. Во овој момент се применува законското решение. Сè додека нема друго законско решение на сила останува примената на Балансерот, согласно Законот за вработени во јавниот сектор, но тоа не значи дека нема да биде предмет за расправа за евентуално укинување на таа алатка Балансер, рече тој.

На прашањето дали Движењето За наша Македонија - ЗНАМ бара втор заменик директор на Царина, одговори дека е шпекулација. 

- Тоа е шпекулација, тоа е информација којашо произлезе од медиумите. Колку што сум запознаен, заменичкото место е побарано од самата Царинска управа поради зголемен обем на работа. Во собраниската иницијатива потпишани се повеќе групи на пратеници, што значи од повеќе партии, но сепак крајното решение за заменик директор ќе биде врз база на услови, на критериуми и квалификации согласно постоечките закони, посочи Минчев.

Фото: Принтскирн/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ЗАМИНА МАКЕДОНСКАТА АКТЕРКА СНЕЖАНА СТАМЕСКА: имаше исклучително плодна актерска кариера

ЗАМИНА МАКЕДОНСКАТА АКТЕРКА СНЕЖАНА СТАМЕСКА: имаше исклучително плодна актерска кариера

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“