08 Септември, 2024
0.0270

„Заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата“: Тошковски за празникот вели „криминалот не се исплати“

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Најголема обврска останува градењето на систем каде владее правото и правдата, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста.

- Пред 33 години, на референдумот во 1991 година, огромно мнозинство од граѓаните гласаа за независна, слободна и демократска Република Македонија. Патот кој го започнавме сите заедно беше долг и тежок, полн со предизвици. Зад себе имаме три децении независност исполнети со искушенија, падови, но и моменти на гордост - наведува Тошковски.

Дополнува дека и понатаму наша најголема обврска останува да биде градењето на систем каде владее правото и правдата. 

- Борбата против криминалот и корупцијата е наша заедничка цел и наш приоритет. Само со неселективна правда и закони кои важат еднакво за сите, можеме да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува безбедно и заштитено. За таа цел, цврсто сме посветени на градење систем од силни институции, модерна и професионална полиција, која ќе биде гарант за безбедноста и стабилноста на нашата држава - дополнува тој.

Според него, интеграциите во Европската Унија се поттик да продолжиме да се бориме за она што ни следува.

- Денес, како Влада фокусирани сме на привлекување нови инвестиции, воведување на нови технологии, отворање нови работни места, сè со цел создадавање на поквалитетен живот за секого. Но најважно, заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата, каде јасно ставаме до знаење дека криминалот не се исплати и каде секој граѓанин има еднакви можности, стои во честитката на министерот Тошковски.

Додава дека нашата независност е наш најголем успех, но и најголема обврска. 

- Со храбри одлуки, заеднички труд и институции со интегритет ослободени од секакви влијанија, можеме да изградиме иднина каква што заслужуваме – иднина во која Македонија ќе биде модерна европска држава, гордо застаната рамо до рамо со европските држави, додава тој. 

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА - тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

„САМО 30 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ“: Минчев вели реформите во јавната администрација се почнати

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

Филипче: Држава се наоѓа пред многу искушенија - мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

„Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата“: премиерот со посебна честитка за 8 Септември

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

ДЕНЕС НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ - еве каде има пренасочување на сообраќајот

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

„НИ НЕДОСТАСУВА СИЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСТВО СО СТРАТЕГИЈА, ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ДА НЕ ЛЕЧИ“: Димовски за независноста

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

ТРИ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО - 14 луѓе загинаа, десетина беа повредени

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

„ДАДОВ КРВ И ПАРЧЕ МЕСО ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ ЦЕЛА“: Ангелов за годишнината „се префрлив на хеликоптери и авиони“

МАНАКИ Е ОЛИМПИЈАДА ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРИТЕ: Дамевски „државата треба да избере проекти кои ќе и дадат видливост за земјата“

МАНАКИ Е ОЛИМПИЈАДА ЗА КИНЕМАТОГРАФЕРИТЕ: Дамевски „државата треба да избере проекти кои ќе и дадат видливост за земјата“