Фирмите со помала механизација да помогнат во погодените подрачја
Објавено во: Македонија 11 Август, 2016
Сите приватни фирми кои што имаат а механизација да дојдат и да помогнат, бидејќи има потреба од такви машини коишто полесно ќе дојдат до непристапните места, повика градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во местата каде удри невремето се работи на расчистувањето на последиците.
Според УХМР не било можно да се предвиди вакво невреме зашто облакот требаше да го помине Скопје, но облакот застана над Скопска Црна Гора и истури огромно количество дожд над селата. Огромна е површината што е зафатена, а најмногу последици има во Синѓелиќ, Инџиково и Стајковци. За жал, има и жртви и сакам уште еднаш да изразам сочувство до семејствата на настраданите во поплавите“, рече Трајановски.
Екипите на Град Скопје остануваат на терен сѐ додека не се создадат услови граѓаните да се вратат во своите домови.