02 Јануари, 2025
0.0290

ФОКУС НА ДЕНОТ: Рашковски ќе поднесе кривична пријава, воз се преврте на пругата Куманово - Скопје

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Драги Рашковски денеска објави дека утре ќе поднесе кривична пријава против т.н. „свиркач“ од Македонска навигација, Климент Чепуњовски, и го потсети дека му се заканува затворска казна, бидејќи договорот со италијански „Леонардо“ за АТМ систем е потпишан во согласност од Живко Поповски, тогашниот претседател на УО на М-НАВ, инаку татко на министерот за надворешни работи Никола Поповски. Најави и пријави за Ваљон Беља, Ирена Радовановиќ, Миленко Неделковски и Љупчо Златев, новинарите кои ја пренесоа веста со објавениот разговор и транскрипт, според кој опозицијата тврдеше дека Рашковски влијаел „Леонардо“ да го добие тендерот иако нудел повисока цена.

Тоа што присуствувал за време на договарањето на фамозниот тендер го оправдуваше со документи дека бил задолжен од страна на Владата и дека немал намера да влијае на тендерот туку да се барало можност да се плати поевтина варијанта.

Транспортен воз се преврте на железничката линија Куманово-Скопје откако излетал од шините.

Несреќата се случила крај селото Черкезе. Покрај материјалните штети, не се пријавени други штети.

Возот е од карго категорија, а пренесувал тежок челик.

Специјалното јавно обвинителство ги изнесе завршните зборови за Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ обвинети за бесправно градење во Општина Зелениково во случајот „Тревник“ пред донесувањето на пресудата.

„Согласно член 56 став 1 од Законот за градење,  изведувањето на градби може да започне со издавање на одобрение за градење, а градбите и деловите од градбите изградени без одобрение за градење се бесправни градби. Оваа законска одредба  ги обврзувала обвинетите, пред да започнат со градење  на куќите во Зелениково, да имаат одобренија за градење на истите. Од доказите на обвинението произлегува дека обвинетите  Драган и Срѓан Павловиќ градбата на објектите за домување  ја започнале во текот на месец јули 2011 година, а обвинетиот Звездан Павловиќ  во текот на месец ноември 2011 година па,  откако започнале со бесправната  градба,  на ден 12.12.2012 година до општина Зелениково поднеле барања  за издавање одобренија за градење за изградба на викенд куќи, со прикривање на фактот дека градбата на објектите е веќе започната, по  што од страна на општината се издадени три одобренија за градење од 24.01.2013 година“, се вели во завршните зборови на СЈО.

ВМРО-ДПМНЕ објави дека се именувани нови претседатели на партиските комисии, а поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, ќе биде на чело на таа за локална самоуправа како дипломиран економист и раководител на оваа локална самоуправа во три мандати по ред.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ИТАЛИЈА: Бездомник од Македонија е пронајден мртов

НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ИТАЛИЈА: Бездомник од Македонија е пронајден мртов

МНР ЗА МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани, нашите мисли се во вас

МНР ЗА МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани, нашите мисли се во вас

„ВТОРА ФАЗА НА ЖИЧНИЦАТА ОД СВЕТИ ЈОВАН ДО СРЕДНО ВОДНО“: Томовски вели привилегиите за функционерите се минато

„ВТОРА ФАЗА НА ЖИЧНИЦАТА ОД СВЕТИ ЈОВАН ДО СРЕДНО ВОДНО“: Томовски вели привилегиите за функционерите се минато

АЛКОХОЛОТ НЕ Е ГЛАВНИОТ ВИНОВНИК ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ: Овој орган повеќе страда од други намирници

АЛКОХОЛОТ НЕ Е ГЛАВНИОТ ВИНОВНИК ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ: Овој орган повеќе страда од други намирници