Фондот го одобри продолжениот третман на 18 месечниот Мартин
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2016
18 месечниот Мартин Мицев на кој му е дијагностицирана исклучително ретка болест ембриобластен тумор на мозокот неодамна беше опериран во Македонија, а оваа недела ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.
ФЗОМ го одобри лекувањето во Германија во целост во висина од 280.000 евра. Решението е предадено на родителите. Од ФЗОМ посакуваат побрзо излекување и закрепнување.
- Сакам јавно да им се заблагодарам на Фондот за здравство, Детска клиника и сите оние кои безрезервно и целосно се посветија да помогнат за лекување на Мартин во Германија, пред нас стои уште една голема битка која се надевам дека ќе ја победиме, изјави таткото на Мартин.