СЕКОЈА ГОДИНА ИСТИ ПРОБЛЕМИ
ФОТО: Ако сакате место во студентски дом-услов да имате партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016
Факт е дека отсекогаш биле потребни врски за добивање на легло во студентските домови.
Меѓутоа, оваа проблематика која веќе десетина па и повеќе години е дел од проблемите на академските граѓани никако да заврши.
Ништо повеќе не треба да не изненадува во државата па и тоа дека критериум да добиете место во студентски дом е партиска книшка.
Сведок за ова тврдење се залепените конкурси со А4 листови кои осамнаа утрово низ Скопје, Штип и Охрид .
Како што и сами можете да забележите последна точка од критериумите е наведен условот да „Да поседуваат партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ“.
Фотографиите со брзина на светлината се споделуваат на социјалните мрежи, а од матичната партија на екс премиерот ВМРО-ДПМНЕ чии книшки се бараат како услов за добивање на студентско легло засега нема коментар на оваа тема.
Со години наназад веќе и партиите се препукуваат за студенските места и распределба на легла во нив..
Владеачката гарнитура секоја година ветува дека ќе се санкционира секоја злоупотреба за доделување места во студентските домови. Од СДСМ пак апелираат, наместо празни апели, Владата да преземе конкретни мерки за легално добивање место во домот, наместо по партиски клуч.