Добивај вести на Viber
Платформата за граѓанска политика „Ајде“ со поддршка на стотици граѓани и хонорарци протестираат против неуставните закони.
Тие сметаат дека овој закон е неуставен и ги прекршува уставните права и принципи.
Со жолти налепници и транспаренти „Даночниот рај се претвори во пекол“, Нема да ви платиме“, „Лопови“, „нема правда нема мир“ извикуваа револтираните граѓани кои на денешниот протест уште еднаш го покажаа својот револт пртив неуставните измени со кои се предвидува хонорарците да плаќаат придонеси.
Точно напладне од збирното место - Министерството за финансии од каде групата протестанти се упати кон Уставниот суд каде ќе биде поднесена претставка до Судот зад која стојат 7.000 граѓани и со неа ќе се побара утврдување на неуставноста на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците.
Инаку ова е трет протест на незадоволните хонорарци, а Законот стапи на сила на 1 јаунари годинава.
(Сликите се преземени од oфицијалната страна на Фејсбук на „
Ајде!“ и веб-адресата
http://www.ajde.org.mk)