(ФОТО) Мистерија на Путиновиот куфер: Ви откриваме што се наоѓа во неговата актовка!
Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2014
Можеби забележавте дека на патувањата во придружба на Путин секогаш се двајца поморски офицери во тегет одела кои носат куфер. Она што привлекува внимание е содржината на фамозниот предмет, и што представува тој.
Имено, тоа е „атомски куфер“ во кој се наоѓа уред на врски преку кои рускиот претседател може да лансира ракети со нуклаерни боеви глави. Путин не се разделува од куферот ни при поста на други земји.
Името на овој куфер е Чегет и е дел од автоматскиот систем за команда и контрола на руските стратешки нуклеарни сили наречени Казбек. Името го добил по планинскиот масив Кавказ, кој се наоѓа на границата помеѓу Европа и Азија.
Направен е во текот на администрацијата на Јуриј Андропов во раните осумдесети години. Куферот е „ставен во служба“ на Михаил Горбачов кога ја превземал должноста претседател во 1985 . Тој е поврзан со специјален комуникациски систем под кодно име Кавказ кој „поддржува комуникација помеѓу високи владини претставници во моментите кога се донесуваат одлуки за употреба на нуклеарно оружје. Приклучен е на Казбек кој ги опфаќа сите поединци и агенции вклучени во командата и контролата на стратешките нуклеарни сили“.
На рускиот претседател куферот секогаш му е при рака. Обично се претпоставува, иако не се знае за безбедноста, дека ваков ист куфер поседуваат и министерот за одбрана и началникот на Генералштабот. Генералштабот добива сигнал и иницира напад врз основа на авторизацијата на кодовите за лансирање на нуклеарен арсенал.
На 25. јануари 1995 година, во Норвешкиот ракетен инцидент активиран е како одговор на Брант XII четирифазната звучна ракета која ја покренале норвешки и американски научници. Тогаш нуклеарниот куфер е користен и тоа е единствениот пат кога бил во подготовка за напад.