(ФОТО) НАЈПОСЛЕ: Googlе ги снима македонските патишта за Street View!
Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2014 14:13
„Слушаме од многу наши корисници во Македонија дека би биле навистина возбудени да имаат Street View достапно и во Македонија. Затоа денес сме особено среќни да го најавиме почетокот на возењето и да ги направиме убавите улици и градови на прекрасната Македонија отворени за корисниците низ целиот свет. Македонските бизниси и корисници исто така ќе уживаат во многуте бенефити на услугата”, изјави Амита Катри, Програмски менаџер за Street View во Гугл.
„Ми претставува особено задоволство дека благодарение на Google Street View светот може да ја види Македонија во нова димензија, преку компјутери или смартфони. Ова е од особено значење за туризмот и ќе придонесе кон подобро позиционирање на Македонија на светската мапа на атрактивни дестинации, каде убавината на земјата може да се види преку кој било уред приклучен на интернет“, вели министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Гугл напорно работи на одржување на приватноста, додека им дозволува на сите корисници да имаат бенефити од оваа опција. На сликите наменети за Street View, пред да бидат објавени, ќе има замаглување на лицата и регистарските таблички, на сите слики. Кога сликите ќе бидат достапни, луѓето ќе имаат можност да пријават слики за дополнително замаглување со кликање на “report a problem” опцијата на долниот лев агол на сликата, по што пополнуваат краток формулар каде наведуваат прецизно која слика треба да се замагли.
На локациите каде Street View е достапно, може да пристапите кон слики на street level преку зумирање на најниското ниво на Google Maps и со кликање на Street View слика на левата страна под табот за пребарување или пак преку влечење на портокаловото ”Pegman” човече на мапата, за да се пренесе на street level.
Ќе може да проверите ресторан пред да пристигнете, да направите планови за патување, да договорите локации за средби, или пак да добиете помош за домашната работа по географија. Оние кои бараат куќи може да заштедат време преку истражување на имоти и нивното окружување пред да ги посетат, а истовремено и да пронајдат и упатство за возење до таму. Исто така пред да заминете на одмор можете да ја проверите точната дестинација и да го пронајдете хотелот и местата околу него, каде што треба да го поминете вашиот долгоочекуван одмор.
Бизнисите исто така може да имаат бенефит од Street View технологијата преку бесплатно вметнување на Google Maps директно на нивните веб страници, што би им помогнало, на пример, да промовираат ланец на хотели, или пак да ја зголемат свесноста за локална библиотека или ресторан.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




