(ФОТО) Норвешка го добива најубавиот изглед на парите
Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2014
Скандинавците уште еднаш ја потврдија репутацијата на фантастичните дизајнери, а Норвешката репутација е една од најпосакуваните земји за живот. Централната норвешка банка, имено во почетокот на годината распиша конкурс за дизајн на новите пари, темата била „море“, а избраните решенија, но и оние кои сепак нема да се најдат на официјалната валута на Норвешка, го воодушевија светот.
Во последниот круг влегоа осум тимови, а жирито одлучи да ги измеша трудовите на два кандиата и да искористи еден предлог за предната страна а другиот, многу посмел, за задната страна.
Така на лицето на парата ќе бидат трудовите на тимовите „Metrik sistem“ и Терје Тенесен, кои се опишани како „отворени, светли и типично нордиски“, додека на обратната страна ќе бидат модерни, пикеслизираниот дизајн на тимот „Snoheta dizajn“.
„Кога се поклопат контрастите, кога мекото го пресретне острото, а дигиталното аналогното, настанува динамика. Нашиот дизајн пред се ги претставува пикселите, визуелниот јазик на нашето време“, наведуваат победничките тимови.
Интресно е дека стручното жири третиот тим го прогласи за победник, но сепак одлучил на парите кои ќе се користат од 2017 година не биде победнички дизајн, а меѓу кандидатите посебно се истакнува дизајн на парите со децки цртежи кои воодушевија цела планета.
Официјално е соопштено дека на избраниот дизајн ќе продолжат да работат експерти како парите би се осигурале од фалсификување и подготвиле за користење во банкомари. Општ впечаток е дека една од најбогатите нации на светот од 2017 година ќе има и најдобри пари на светот.
Сите победнички предлози можете да ги погледнете во официјалниот документ на Централната норвешка банка, а во фотогалеријата која следи ви претставуваме и некои од креативните предлози кои сепак нема да се најдат на официјалната валута на Норвешка од 2017 година, но дефинитивно го заслужуваат нашето внимание.