Добивај вести на Viber
Д-р Соња Петрушеска специјалист – дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин денеска одржа презентација на новата линија за нега на многу чувствителна кожа: Eucerin HyperSensitive. Таа истакна дека податоците од бројните истражувања покажуваат дека дури 50-70% од луѓето ширум светот имаат чувствителна или многу чувствителна кожа. Проблемите со кои се соочуваат се симптоми како пецкање или печење на кожата, јадеж, па се до состојбите како купероза и розацеа.
Научниците од Баерсдорф активно ги следат потребите за нега на кожата на современите луѓе и овој пат им излегоа во пресрет со новата линија за нега на многу чувствителна кожа: Eucerin HyperSensitive.
Колекцијата се состои од лосион за миење на лицето, потоа смирувачки крем за нормална до комбинирана чувствителна кожа и смирувачки крем за сува чувствителна кожа.
"Сепак, преосетливата кожа не треба да биде товар - кога користиме соодветна козметика за нега на кожата симптомите може да се смират", истакна д-р Соња.
Според неа, Еуцерин UltraSENSITIVE е совршен сојузник за оние кои страдаат од преосетлива кожа на лицето, со придружните симптоми како што се печење и воспаление. Производот ја содржи активната состојка SymSitive, која е специјално создадена за потребите на преосетливата кожа и има моќ веднаш да ја смири. Кога се користи редовно во текот на еден период, производот ја оптимизира самозаштитата на кожата, па дури и ја зајакнува кожата од нетолеранција и хиперчувствителност. Eucerin® AntiREDNESS е со SPF25 и UVA заштита и е совршен избор за пациентите кои страдаат од преосетлива кожа и во исто време од црвенило, односно розацеа. Како додаток на основната состојка SymSitive, Eucerin® AntiREDNESS содржи и Глицирхетинска киселина, растителен Ликохалкон А и хидратирачки глицерин кои ефективно и брзо ја смируваат вцрвенетата кожа. Заедно со овие активни состојки, производот содржи и зелени пигменти - кои инстанто го покриваат црвенилото и го изедначуваат тенот. Овие производи се ослободени од конзерванси, парабени, парафини, алкохол, мириси, додатоци за боја и емулгатори.
Колекцијата се состои од лосион за миење на лицето, потоа смирувачки крем за нормална до комбинирана чувствителна кожа и смирувачки крем за сува чувствителна кожа.
„Основно е да се избегнуваат факторите кои доведуваат до појава и влошување на ваквите промени на кожата. Во однос на негата, важно е да не се користат класични сапуни, туку препарати од типот на нежни млечни емулзии за измивање, миењето да е со млака вода, бришењето да е со мека фротирска крпа со тапкање. Во однос на негата на кожата после бањање, неопходна е добра хидратација и соодветен крем за нега во зависност од проблемот и типот на кожата на лицето и на крај за сите кои користат пудра советувам таа да е од оние кои полесно се отстрануваат, а шминката да не е водоотпорна. До колку ова се практикува, а се уште има проблем, потребно е да се направи дерматолошки преглед за до колку може да се открие причината и во зависност од тоа ако е потребно да се вклучи и класичен лек во терапијата“, дополнително советуваше таа.