24 Јануари, 2025
0.0347

(ФОТО) Новите ŠKODA Fabia и ŠKODA Fabia Combi ја слават својата светската премиера

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Емотивно претставување на ŠKODA во Париз: новата ŠKODA Fabia и новата ŠKODA Fabia Combi ја прославија својота светска премиера на овогодинешниот автомобилскиот саем во Париз. Комплетно нови, двете верзии на просторниот автомобил се појавија на автомобилската модна писта, со својот нов изглед, кој е многу повеќе спортски, модерен и иновативен од било кога досега. Нема дилеми дека новите ŠKODA Fabia и ŠKODA Fabia Combi се меѓу ѕвездите на шоуто во главниот град на Франција. “Новата Škoda Fabia е уште една пресвртница за Шкода, која ја истакнува емотивната и техничка моќ на брендот,” изјави извршниот директор на ŠKODA проф д-р Винфрид Валанд. “Сите верзии на Fabia едноставно нудат многу повеќе од автомобил. Škoda Fabia е автомобил за срцето и разумот, модерен, идеален за оние со ведар спортски дух, овозможувајќи мобилност, особено во урбаните средини. Ние сме убедени дека новата Fabia ќе го зголеми семејството на нашите клиенти, зголемувајќи го бројот на досегашните 3,5 милиони клиенти кои до сега се одлучија за Fabia. Просторната Fabia Combi е лидер на пазарот во својот сегмент уште од самиот почеток, ние планираме да го продолжиме успехот и со најновата генерација ", изјави проф д-р Валанд. Третата генерација на Fabia е комплетно нова во секој поглед. На прв поглед, најмногу се забележува значително поостриот дизајн. ŠKODA креираше експресивен дизајн за новата Fabia, црпејќи инспирација од концепт автомобилот ŠKODA VisionC . "Со своите спортски пропорции, Škoda Fabia изгледа свежо и модерно. Ние и ги дадовме нашите рели гени и ја создадовме најемотивната Fabia до сега", изјави д-р Френк Велш, член на одборот за технички развој. Креиравме млад, свеж ентериер, богата палета на бои и бројни опции за персонализација. "Ја креиравме новата генерација на Fabia со построги пропорции. Новата Škoda Fabia е пониска и поширока, а растојанието од подлогата е помала. Контурите исто така, се поостри, со кристално јасни линии и елементи. Затоа Fabia однадвор има многу повеќе контраст и силна интеракција помеѓу светлината и сенката. Сето тоа му дава на автомобилот единствен самоуверен карактер", објасни главниот дизајнер на ŠKODA, Јозеф Кабан. Технологијата вклучена во новата Škoda Fabia ќе ги задоволи сите барања па дури и на најпребирливите. Брендот направи модел кој го поврзува вашиот паметен телефон со информативно забавниот систем на автомобилот, употребувајќи MirrorLink ™ и SmartGate функции. Со нови мотори и помала тежина, потрошувачката и емисиите на штетни гасови значително се намалени и тоа за 17%. Иновативните системи за помош, кои досега беа достапни само во повисоките класи на возила, обезбедуваат зголемена безбедност и поголема удобност. Покрај сите нови придобивки, дизајн и технологија новата Škoda Fabia и новата Škoda Fabia Combi се вистински шампиони во поглед на услужливост, со различни апликации и најголем багажник во својата класа. Новата ŠKODA Fabia во Македонија пристигнува на почетокот на 2015 година

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ