16 Декември, 2025
0.0499

(ФОТО) „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ за децата на кои тоа им е најпотребно!

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2014 14:25

Добивај вести на Viber

Голема хуманитарна акција на Стопанска банка АД – Скопје

По повод 70-годишнината од своето постоење, Стопанска банка денеска започна голема хуманитарна акција под мотото „Подари насмевкаˮ, во која секој е повикан да учествува, едноставно да ја донира својата насмевка, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Банката ќе донира. Крајната цел на овој проект е да се обезбеди донација на медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава, со што ќе се обезбеди подобра медицинска нега на децата на кои тоа им е најпотребно. Стопанска банка потекнува од локалните заедници низ Македонија, се развива благодарение на довербата која и ја укажуваат граѓаните и компаниите и веќе 70 години е нераздвоен дел од стопанството и животните приказни на луѓето од Македонија, и токму поради тоа ја осмисли оваа хуманитарна акција во која може да се вклучи секој граѓанин и секоја заедница а во интерес на децата кои заслужуваат насмевка секој ден од животот. За таа цел, во филијалите на Стопанска банка ќе бидат поставени фото-тотеми, каде секое заинтересирано лице ќе може да ја подари својата насмевка. Колку повеќе насмевки ќе се соберат, толку повеќе средства Банката ќе донира за детските здравствени установи. Бројот на насмевки кои може да ги подари едно лице е неограничен, а насмевка може да се подари и на Фејсбук страната на Стопанска банка „На Ваша Страна“ на следниов линк https://www.facebook.com/NaVasaStrana/app_713741715354213 како и преку фото патролите низ градовите, но и за време на бројните настани кои ќе бидат организирани по повод 70- годишнината. Хуманитарната акција имаа чест да ја започнат Претседателот и членовите на УО како и вработените на Стопанска банка, кои први подарија насмевка и ги поканија сите останати да се вклучат во процесот на собирање еден милион насмевки. „Во динамичното секојдневие, во кое главен приоритет на бизнисмените е да се постигнат квантифицирани цели не смееме да заборавиме дека мисијата на компаниите не е само растот, успехот и профитабилноста туку и да бидат општествено одговорни и да му возвратат на општеството за постигнувањата особено со поддршка на сограѓаните на кои најмногу им е потребна помош. Затоа, сакаме да го комбинираме овој наш значаен јубилеј со нешто убаво и незаборавно за нашето окружување, за нашите клиенти и сограѓани и да покажеме дека Стопанска банка АД – Скопје останува лидер не само во банкарскиот сектор туку и во општествената одговорност, активност со која посебно се гордееме. 70 годишнината ќе ја прославиме заедно со нашите клиенти преку разновидни активности и настани и ќе ја крунисаме со донација во детските здравствени домови. За поддршка на нашата акција бараме од вас само насмевка која ќе се брои како донација и за која ние ќе издвоиме средства за повеќе детски насмевки“, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив