(ФОТО) Протестен марш во Скопје против Груевски
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2015
Неколку илјади демонстранти учествуваа во протестниот марш во Скопје кој го организираше коалицијата „Граѓаните за Македонија“ со барање за оставка на премиерот Никола Груевски.
Голем број на граѓани дојдоа со тенџериња, лонци, шерпи, поклопчиња и други предмети за правење бука, а поворката помина пред Владата, и пред зградата во која живее премиерот.
Пред зградата во која живее Груевски говорниците пред насобраните граѓани рекле дека „народот протестира со чисти и празни шерпи и тенџериња затоа што народот е чист, а масата му е празна“, и го повикаа премиерот „што порано да си поднесе оставка и да го спаси народот од беда“.
Протестот , во текот на кој силни полициски сили ја обезбедуваа и зградата на Владата, и зградата во која премиерот живее, заврши без инциденти.