(ФОТО) Протестот ескалира: И солзи и гнев, и македонци и албанци заедно бараа правда!
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2015
После четири часа барајќи ја правдата за Мартин Нешковски, полицијата употреби сила и кордонот ги растера и последните демонстранти кои до пред половина час седеа пред Влада.
Силата и овој пат ја победи храброста и правдата, но пораката е пратена. Правдата еден ден мора да пристигне и да застане на страната на народот.
Судирите ескалираа.
Полицискиот кордон почна да ги турка демонстрантите, кои храбро се спротивставија. Запалени беа неколку контејнери.
Неколку лица се приведени, ранети се повеќе полицајци, а двајца цивили се потешко повредени и пренесени во болница.
Претходно демонстрантите фрлаа по владината зграда со јајца, шишиња и домати извикувајќи „Убијци“, „Убијци“, „Оставка“.
Бараат оставка од министерката за внатрешни работи по објавените прислушувани разговори од страна на опозицијата во кои се слуша како разговараат владини претставници за прикривање на убиството на Мартин Нешковски кое се случи на 5 јуни 2011 година за време на изборната прослава на ВМРО ДПМНЕ.
И солзи и гнев. И македонци и албанци. Заедно. Вака ли ќе пристигне светлината на денот над македонско небо ???
Заедно и сплотени беа сите три знамиња - македонското, албанското и српското - симболите на слободата од Бог благословена, од човек растурена од херој пак Изборена ...
(Последната слика е земена од Ines Efremova од Фејсбук)